Министерството за одбрана на Грција објави видео од населбите во источниот дел на Атика што вчера беа зафатени од катастрофалниот пожар што одзеде најмалку 49 животи и остави зад себе голема материјална штета што дополнително ќе се проценува.

Инсертите од воздух се снимени за време на утринскиот лет со хеликоптер на министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, алтернативниот министер за одбрана Фотис Кувелис и началникот на грчкото воено воздухопловство, Христос Христодулу,  за да ја проверат и проценат ситуацијата.