Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО од Владата) Раскошот и кичот на Груевски вреден милиони евра

0
By Нова ТВ on June 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 5, 2017 15:03

Новиот владин кабинет им дозволи на медиумите да направат обиколка во зградата, пред почетокот на првата седница. Ова е за прв пат да се дозволи влез во барокната зграда по реновирањето во време на владеењето на екс премиерот Никола Груевски.

Снимателите и фоторепортерите имаа прилика да фрлат поглед на луксузниот ентериер, скапите теписи и подови, сваровски лустери, дрворезби, уметнички слики и целиот раскош во кој работел претходниот владин состав.

Владата и однадвор и одвнатре, откако беше „нашминкана“ во барок стил, беше чувана далеку од очите на јавноста. Претходно, Груевски и министрите организираа и „Црвен тепих за граѓаните“, но и таа манифестација прекина во 2014 година, а Владата бастионот го зацрвсти со поставувањето кована железна ограда околу објектот и беше забранет влез и во дворот.

Според официјалните документи од Електронскиот систем за јавни набавки, за фасадата и ентериерот на Владата, се платени 16.491.000 евра, а кована железна ограда чини 700.000 евра.

Новиот кабинет на премиерот Зоран Заев денеска ја одржува првата седница, на која ќе се распределуваат ресорите и портфолијата на министрите без ресори и ќе се поставуваат заменици претседатели на Владата, ќе се избира генерален секретар, шеф на кабинет и ќе се воспостават постојните и ад хок комисиите во Владата за да може да се постават стартните контури на Владата, најави премиерот Зоран Заев.

 

 

Влада ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев Никола Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.