На денешен ден, 7 декември, во 1993 година, почина академик Блаже Конески. „Секој негов збор истовремено е и порака и аманет, наша должност, наша обврска е да не заборавиме да ги пренесуваме на идните генерации како аманет кон нив“, објави министерката под стиховите на Конески.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, на нејзиниот Фејсбук профил сподели видео со стиховите од песната „Обврска“ на академик Блаже Конески, по повод 28-годишнината од неговата смрт.

„Сфати ја со сета сериозност оваа обврска,

уште посилна дека заемна:

и без да го знаеш досега тоа

ние сме се задолжиле да го чуваме споменот еден за друг.

Ќе минат сите површни оддалечувања,

ќе дојде час на враќање кон загубеното,

за да се згрее душата макар малце на него,

како што исѕемнатиот ги грее рацете

На жив жар, под распретаната пепел“.

Обврска – Блаже Конески

На денешен ден, 7 декември, во 1993 година, почина академик Блаже Конески. Секој негов збор истовремено е и порака и аманет, наша должност, наша обврска е да не заборавиме да ги пренесуваме на идните генерации како аманет кон нив“, објави министерката под стиховите на Конески.

Во декември се навршуваат и 100 години од раѓањето на Конески.