Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Заев: Ако денеска има договор, веднаш ќе ги соопштиме деталите

0
By Нова ТВ on June 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 12, 2018 13:03

Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува во денешниот телефонски разговор со неговиот грчки колега Алексис Ципрас да бидат заокружени сите аспекти и да биде постигнат договор за долгогодишниот спор за името.

„ Вчера имавме навистина квалитетно унапредување на разговорите. Се надевам дека денеска ќе можеме нешто убаво да и соопштиме на јавноста. Реков дека сум оптимист и оти е возможно да се постигне договор, но денеска имаме уште еден суштествен разговор, за мене многу важен. Се надевам дека ќе ги заокружиме сите аспекти за да го исполниме очекувањето на двете страни“ рече Заев.

Заев посочи дека двајцата премиери, двајцата министри за надворешни работи, двете Влади и огромно мнозинство на граѓани на двете земји се заинтересирани за конечно решавање на овој долгогодишен проблем.

„ Ако денеска се случи, дај Боже договор, ние веднаш тоа ќе го соопштиме со сите детали, а верувам ако има договор тогаш би требало да правиме агенди. За Преспа знаеме заради тоа што беше желба уште многу одамна дури во преговарачкиот процес да се направи една средба. Но, во секој случај јас би почекал, да одиме чекор по чекор, да видиме прво дали ќе има договор, а ако има договор веднаш ќе ги договориме и агендите, агендите на сооопштување и информирање дома на сите политички чинители на граѓаните, но и делот на евентуалното потпишување“ рече Заев, за пишувањата во грчките медиуми дека евентуалниот договор може да биде потпишан претстојниот викенд во Преспа.

Вели дека ќе направи се за да се склучи договор со Грција кој ќе биде достоинствен и ќе го сочувува нашиот идентитет и ќе ги чува интересите на граѓаните и на Република Македонија, обезбедувајќи и евроатлантска перспектива.

Тој ги коментираше и ставот на Иванов кој преку соопштение оцени дека Заев манипулирал со јавноста кога рекол дека евентуалното отфрлање на Договорот со Грција ќе ги загрози перспективите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО.

„Граѓаните се тие кои ќе одлучат на референдум, а секако јас како премиер и господинот Ѓорге Иванов како претседател треба да им помогнеме на граѓаните, а не да им одмогнеме. Ние политичарите треба да им служиме на граѓаните и треба да градиме соработки, да ја унапредуваме Македонија во сите нејзини перспективи“ кажа Заев и додаде дека се знаат перспективите ако се реши проблемот -„ знаеме дека интеграциите ни се достапни, знаеме дека веднаш стануваме членка на НАТО, знаеме дека почнуваме преговори со ЕУ. Сето тоа ни е на повидок, наше е да одлучиме“.

 

Заев Иванов референдум спор за име
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.