Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Заев: Вонредна состојба е потребна за полесно справување со кризата

0
By Нова ТВ on March 18, 2020 ВЕСТИ
Фото: sdsm.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 18, 2020 14:29

Воведувањето вонредна состојба што го побара Владата ќе помогне во полесно справување со кризата со ширењето на коронавирусот, но и во справување со економските последици што ќе ги предизвика таа, смета претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Во ниту еден случај, потенцира тој, не значи дека воведувањето вонредна состојба ќе овозможи концентрација на моќ кај Владата бидејќи, таа ќе носи уредби транспарентно и поврзани само со справувањето со кризата и со економските последици.

„Ја поздравувам одлуката на Владата да побара воведување вонредна состојба. Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, воведувањето вонредна состојба ќе придонесе за брзо и ефикасно да се спроведуваат мерките за заштита на здравјето на граѓаните и за економските мерки за помош на граѓаните и стопанството“, рече на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/1099698710389921/

Воведувањето вонредна состојба, вели тој, ќе овозможи сите да бидат посериозни и поодговорни, да има ред и дисциплина, да се спроведуваат и почитуваат обврските од институциите, а тие да бидат уште поодговорни и професионални и кон граѓаните и кон сите правни субјекти.

„Вонредната состојба значи дека ќе работат сите дејности, како и до сега доколку Владата со уредба со законска сила не затвори дејност или субјект. Ќе може да излегуваме да завршиме работа и да се вратиме на дома, а притоа да користиме заштитни ракавици и маска. Исто така, смеат да излегуваат и старите лица, но само ако тоа е крајно неоходно“, истакна Заев.

Движењето, рече, ќе се забрани само ако има полициски час, а тоа само по себе не го носи воведување на вонредната состојба.

„Полициски час ќе има ако не ги почитуваме претходните мерки. Затоа граѓаните треба да бидат посериозни. Заштитувајќи се себе си, ги заштитуваме и другите. Секако Владата ќе може да носи уредби со законска сила само за заштита на граѓаните и спроведување на економски мерки за справување со економски последици“, рече лидерот на СДСМ.

Одговарајќи на новинарско прашање за денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дека Владата доцни со мерките и во која бара воведување вонредна состојба, Заев истакна дека таа има за цел само добивање политички поени.

„Вчера на лидерската средба кај претседателот за една минута одлучивме да ги одложиме изборите. Останатиите саати се убедувавме зошто треба вонредна состојба или зошто кризна за што се залагаше ВМРО-ДПМНЕ. Кога Владата побара од Парламентот, а тој го проследи до Претседателот на државата барањето за воведување вонредна состојба министерот Чулев побрза да се јави и Мицкоски да излезе на прес-конференција и да побара вонредна состојба. Овие аргументи требаше да се прифатат вчера, сега ова е само за политички калкулации. Владата не доцни, на време е и со мерки и одлуки“, доцни Мицкоски.

Зоран Заев Коронавирус мерки прес конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.