Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вимблдон: Мареј се справи и со Фоњини, Коњух ја исфрли Цибулкова

0
By Нова ТВ on July 8, 2017 СПОРТ
Фото: wimbledon.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Енди Мареј останува во игра за одбрана на титулата на Вимблдон. Британецот се пласира во осминафинале по триумфот над жилавиот Италијанец, Фабио Фоњини, 29. светски рекет, со 6:2, 4:6, 6:1, 7:5 и негов нареден ривал во Лондон е Беноа Пер од Франција.

Место меѓу 16. најдобри на третиот гренслем во сезоната осигура и Рафаел Надал. Шпанецот во три сета го елиминира Качанов со 6:1, 6:4, 7:6. На Вимблдон, барем викендот, остануваат и Хрватот Марин Чилиќ, Луксембуржанецот Жил Милер, Баутиста Агут од Шпанија и Кевин Андерсон.

Мракот не дозволи комплетирање на програмата на машкиот дел од турнирот во петтиот натпреварувачки ден, па Цонга и Квери беа принудени да запрат при резултат 2:2 во сетови и водство на Амерканецот со 6:5 во решавачкиот и да продолжат во сабота.

Ана Коњух го оствари резултатот на денот во Лондон. Хрватската тенисерка успеа да слави над Доминика Цибулкова со 7:6, 3:6, 6:4 и да закаже дуел со Венус Вилијамс во четвртото коло. Осминафиналето кај девојките носи и пресметка меѓу Викторија Азаренка и Симона Халеп. Белорусинката со 3:6, 6:1, 6:4 ја совлада Британката Хедер Вотсон, а Романката беше подобра од Шуаи Пенг од Кина со 6:4, 7:6.

Победи во два сета забележаа и четвртата носителка, Елина Свитолона од Украина над Германката Витхефт како и шестиот рекет на Вимблдон, Џоана Конта која немаше проблеми во мечот со грчката ривалка Сакари за конечни 6:4, 6:1.

Осминафинале на неофицијалното светско тениско првенство ќе игра и сензационалната шампионка од Ролан Гарос, Јелена Остапенко. Летонката во третото коло ја порази Камила Џорџи од Италија со 7:5, 7:5.

Комплетни резултати на Вимблдон од натпреварувачки ден 5

МАЖИ, 3 КОЛО

Мареј (1., В. Британија) – Фоњини (28., Италија) 6:2, 4:6, 6:1, 7:5

Надал (4., Шпанија) – Качанов (30., Русија) 6:1, 6:4, 7:6

Чилиќ (7., Хрватска) – Џонсон (26., САД) 6:4, 7:6, 6:4

Милер (16., Луксембург) – Бедене (В. Британија) 7:6, 7:5, 6:4

Баутиста Агут (18., Шпанија) – Нишикори (9., Јапонија) 6:4, 7:6, 3:6, 6:3

Андерсон (Ј. Африка) – Бемелманс (Белгија) 7:6, 6:4, 6:3

Пер (Франција) – Јановиц (Полска) 6:2, 7:6, 6:3

ЖЕНИ, 3 КОЛО

Халеп (2., Романија) – Пенг (Кина) 6:4, 7:6

Свитолина (4., Украина) – Витхефт (Германија) 6:1, 7:5

Конта (6., В. Британија) – Сакари (Грција) 6:4, 6:1

Коњух (27., Хрватска) – Цибулкова (8., Словачка) 7:6, 3:6, 6:4

В. Вилијамс (10., САД) – Осака (Јапонија) 7:6, 6:4

Остапенко (13., Летонија) – Џорџи (Италија) 7:5, 7:5

Гарсија (21., Франција) – Бренгл (САД) 6:4, 6:3

Азаренка (Белорусија) – Вотсон (В. Британија) 3:6, 6:1, 6:4

Вимблдон Доминика Цибулкова Енди Мареј Рафаел надал тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.