Гарбине Мугурузае прва полуфиналистка на Вимблдон. Шпанската тенисерка во четврт-финалето ја елиминира Светлана Кузнецова со 6:3, 6:4 и за пласман во големото финале ја очекува подобрата од дуелот меѓу Магдалена Рибарикова и Коко Вандевеј.

Во останатите две четвртфинални средби на гренслемот во женската конкуренција ќе играат Венус Вилијамс – Јелена Остапенко и Џоана Конта и Симона Халеп.

Новак Ѓоковиќ, пак, е последниот четвртфиналист на турнирот во машка конкуренција. Србинот го совлада Адријан Манарино од Франција со 6:2, 7:6, 6:4. Негов нареден ривал во Лондон е Чехот Томаш Бердих.