Најмалку 89 лица, вклучувајќи и 17 деца, се позитивни на вирусот Зика во индискиот град Канпур, соопштија тамошните здравствени власти.

Вирусот Зика што го пренесуваат комарци, за првпат беше откриен во 1947 година, а размери на епидемија достигна во Бразил во 2015 година, кога илјадници бебиња се родија со микроцефалија, нарушување што предизвикува раѓање на бебиња со мали глави и неразвиен мозок.

Имаме зголемување на бројот на заболени со вирусот Зика и здравствените власти формираа неколку тимови за сузбивање на ширењето на болеста, изјави доктор Непал Синг, главен медицински службеник на дистриктот Канпур, за „Ројтерс“.

Првиот случај на вирусот Зика во Канпур беше откриен на 23 октомври, а бројот на заболени се зголеми во текот на минатата недела.