Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Високиот комесаријат на ОН за правата на човекот побара буџет од 500 милиони долари за оваа година

0
By Marija Todorovska on January 30, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 30, 2024 16:20

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации денеска побара 500 милиони долари за финансирање на своите активности годинава, иако минатата година доби малку повеќе од половина од износот, пренесуваат француските медиуми.

-Денеска апелирам за 500 милиони долари… за да се решат некои од најголемите предизвици за човековите права со кои се соочуваме денес и со кои ќе се соочиме во иднина, рече високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк пред дипломатите во Женева.

„Живееме во време на длабока поделба. Конфликтите се множат во многу делови од светот, неодамна на Блискиот исток. Овие војни оставаат длабоки рани – го хранат страдањето кое, без правда, ќе направи голема штета на иднината на цели народи “, истакна тој.

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, која има 1.962 вработени во 91 земја низ светот, лани доби 283,2 милиони долари од бараните 452 милиони долари, кога организацијата ја одбележа 75-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права.

-Сè уште имаме значителен недостиг во средствата потребни за поефективно и помасовно давање решенија за човековите права, рече Турк.

„Итно треба да се справиме со историското недоволно финансирање што влијае на човековите права, еден од трите столба на работата на ОН“, додаде тој.

Турк посебно им се заблагодари на главните земји донатори, наведувајќи ги петте најголеми: Европската унија, САД, Шведска, Германија и Норвешка.

буџет комесаријат ОН човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.