Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Мерките за превенција од Ковид-19 ќе важат додека е вонредна состојба

0
By Нова ТВ on March 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите мерки, активности и заклучоци, во функција на превенција за ширење на болеста Ковид-19, ќе важат до завршување на периодот на вонредна состојба, информираат денеска од Владата.

„На 25. седница од 21 март 2020, покрај усвоените заклучоци, во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста Ковид-19, се донесе и заклучок со кој се утврдува дека сите донесени заклучоци, мерки, препораки и насоки за сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, ќе важат до завршување на периодот на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Од Владата им укажуваат и на единиците на локалната самоуправа, на јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на приватниот сектор, дека сите заклучоци, мерки, насоки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста Ковид-19 важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба.

На синоќешната владина седница беше донесена одлука за забрана на движењето на младите до 18 години од 21 часот до 12 часот, а на постарите од 67 години од 11 до 05 часот наредниот ден. Премиерот Оливер Спасовски во гостување на ТВ 24, појасни дека тоа значи дека младите до 18 години ќе можат да се движат од 12 часот напладне до 21 часот, а возрасните над 67 години од 05 часот до 11 часот претпладне.

„Тоа е направено за да не се поклопуваат овие две возрасни групи, младите како преносители на коронавирусот, а повозрасните како најризична категорија граѓани“, истакна премиерот Спасовски.

Спасовски информира и дека полицискиот час за сите се поместува од 21 часот до 05 часот наместо до 06 часот, поради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и поради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.

Спасовски не исклучува и дополнителни рестриктивни мерки зависно од тоа какви ќе бидат проценките за развојот на настаните и колку граѓаните ќе бидат дисциплинирани во применувањето на досега донесените. Апелира до сите да ги почитуваат воведените мерки и да останат дома, со цел да се запре ширењето на коронавирусот.

За денеска на седница на Кризниот штаб најави дека ќе биде разгледана и можноста за целосно укинување на јавниот превоз.

Владата синоќа донесе и Уредба преку која граѓаните кои пристигнуваат на граничните премини за влез во земјава ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10 часот и во 20 часот.
Од Владата апелираат до граѓаните кои мораат да допатуваат во земјава да ги планираат своите пристигнувања на граничните премини непосредно пред посочените термини со цел да не се создава гужва и чекање.
Важност Влада вонредна состојба Коронавирус мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.