Премиерот Зоран Заев е подготвен за ТВ соочување со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во било кое време, од Владата за Фокус, по повикот на Мицкоски до Заев да избере место и време за телевизиски дуел.
Но од Владата велат дека услов е Мицкоски прво да им одговори на граѓаните која алтернатива им ја нуди, во замена за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
-Дуел со опозицискиот лидер Мицкоски никогаш не бил доведен во прашање. Премиерот Заев е подготвен во кое било време за телевизиско соочување со Христијан Мицкоски. Но тоа што најпрво треба да го направи Мицкоски е конечно, на граѓаните коишто од него чекаат одговор повеќе од една година, да им одговори на прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“. И дополнително да појасни кој е неговиот став и неговата алтерантива којашто им ја нуди на граѓаните за влез во НАТО и ЕУ, изјавија од Владата за „Фокус“.