Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

0
By Нова ТВ on January 22, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: vlada.gov.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на синоќешната седница во Штип ги поништи одлуките на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи за разрешување и именување на в.д. директори на центри на социјална работа во неколку градови, поради, како што се наведува во објавата на владиниот профил на Фејсбук, тие се спротивни на законот.

Поништени се решенијата за разрешување од должност и именување на в.д. директори во јавните установи – меѓуопштински центри за социјална работа во Штип, во Битола, во Пробиштип, во Валандово, во Прилеп и во Радовиш.

„Одлуката на техничката министерка Рашела Мизрахи за разрешување и именување на в.д директори на центрите за социјална работа е донесена спротивно на чл. 46 став 2 од Законот за Влада кој глади „дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа”, се наведува во објавата.

 

Владата нагласува дека со оглед на тоа што целта за избор и на техничкиот министер и на дополнителниот заменик на министер е организација на изборите за пратеници во Собранието, сите правни и кадровски прашања потребно е заедно и рамноправно да се разгледуваат и за истите заедно и рамноправно да се носат одлуки односно да се одобруваат, што следствено ќе биде верификувано со акт/документ кој ќе биде потпишан во случајов од министерката и од дополнителната заменичка на министерката.

„Техничката министерка, спротивно на Законот и со притисок врз вработените во архива (со писмена наредба), ги донела решенијата за разрешување и решенијата за именување на други вршители на должност директори во јавни установи – меѓуопштински центри за социјална работа“, се додава во објавата на Владата.

в.д. директори Влада Именувања одлука Поништување разрешувања Рашела Мизрахи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.