Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ја донесе Уредбата за минимална плата за функционерите во јавниот сектор

0
By Нова ТВ on April 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Владата ја донесе Уредбата за определување на минимална плата од 14.500 денари за април и за мај за министрите, пратениците, судиите, обвинителите, директорите и сите други избрани, именувани и назначени лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба. Целта е да се обезбедат средства за имплементација на економските мерки за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
„Согласно оваа Уредба, на избраните, именувани и назначени лица утврдени во член 2, за месеците април и мај 2020 година им се исплатува плата во висина на минимална плата утврдена за декември во 2019 година во Република Северна Македонија во износ од 14.500 денари. Заштедата по основ на оваа Уредба со која се опфатени .1165 функционери и 895 директори на втора линија буџетски корисници и на институции кои се финансираат преку блок-дотации изнесува околу 240 милиони денари за два месеца“, соопшти владината прес-служба.
Уредбата е со законска сила и се однесува на избрани и именувани лица во јавниот сектор: пратениците во Собранието; Претседателот на Република Северна Македонија и функционерите кои ги именува Претседателот; претседателот на Собранието и функционерите и лицата кои ги избира или именува Собранието, претседателот на Владата и избраните и именуваните лица од Владата; градоначалниците и лицата кои остваруваат право на плата по престанувањето на функцијата, согласно со Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица; именувани лица од Владата кои остваруваат право на плата согласно со Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата.
Како што информира владината прес-служба, со одредбите од оваа Уредба се опфатени и претседатели и членови, односно лица кои раководат со регулаторно тело, лица кои раководат со институции кои вршат дејности од областа на образованието, културата, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, и во институции кои вршат работи од јавен интерес утврден со закон, а се организирани како агенции, фондови, правни лица на кои им е доверено вршење на јавно овластување, јавни установи,  јавните претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од Градот Скопје и од општините во Градот Скопје и акционерските друштва во целосна сопственост на државата.
Одредбите од оваа уредба со законска сила се однесуваат и на назначените државни секретари, генерални секретари, секретарот на Градот Скопје и секретарите на општините, кои остваруваат право на плата согласно Законот за административни службеници. Се однесуваат и на избраните судии кои остваруваат право на плата согласно Законот за платите на судиите и на избраните јавни обвинители кои остваруваат право на плата согласно Законот за платите на јавните обвинители.
Влада Коронавирус криза минимална плата уредба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.