Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ќе го отповика почесниот конзул во Шпанија обвинет за убиство

0
By Нова ТВ on October 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 31, 2017 09:18

Министерството за надворешни работи денеска на седница на Владата ќе достави предлог за затворање на Почесниот конзулат на Република Македонија во Кралството Шпанија, со седиште во Барселона и предлог за отповикување на почесниот конзул на Република Македонија во Кралството Шпанија, со седиште во Барселона, соопшти владината прес служба.

Оваа функција ја извршува Марио Деус, според достапните информации во јавноста стоматолог од Барселона и сопственик на уште една приватна фирма.

Јавноста за него дозна во април годинава, кога во шпанските и во други странски медиуми се појави информација дека тој е уапсен во Јужна Африка, осомничен за убиство на неговите две деца, тригодишни близнаци.

Поранешната сопруга на Деус, Швеѓанката Џулиа Енгелхорн ги пронашла телата на близнаците Максимо и Октавија, во изнајмена вила во близина на Кејп Таун.

Полицијата соопшти дека Деус, кога ја забележал својата поранешна сопруга во вилата, побегнал со нејзиното возило, но подоцна бил уапсен во предградие.

Деус се соочува со две обвиненија за убиство и едно за кражба на моторно возило.

Следниот ден, кога требаше да се појави на рочиштето, медиумите објавија информација дека тој пробал да се самоубие. Оттогаш во јавноста нема информации за него.

Почесниот конзул Марио Деус сакал да ја убие и сопругата

Марио Сезар Деус според објавата во Службен весник, за почесен конзул на Македонија во Барселона е назначен на 6 декември 2012 година, а решението го потпишал тогашниот вицепремиер Владимир Пешевски.

Македонското МНР во април соопшти дека ќе почека потврда од шпанските власти на информациите за наводното апсење на македонскиот почесен конзул во Барселона, пред да ги разгледа опциите за одземање или задржување на неговиот статус.

Функцијата почесен конзул во Шпанија е поинаква од конзул од кариера, која ја извршуваат дипломати. Почесните конзули најчесто се успешни бизнисмени. Тие ја претставуваат земјата, во случајов Македонија, онаму каде таа има мало присуство или влијание, но има добри контакти со властите и бизнисмените во земјата каде што ја врши функцијата.

Деус МНР осомничен за убиство отповикување почесен конзул Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 27, 2026

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето

ВЕСТИ January 27, 2026

Денеска е историски момент кога отвораме ново поглавје во односите меѓу Европската Унија и Индија…

Трендафилов: Утре на протест за платите – не им се плашете, никому ништо не должите, должите само достоинствен живот на семејството

January 27, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

January 26, 2026

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.