Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта се закани со можно одлагање на изборите, опозицијата обвинува за изговори, Пендаровски против

0
By Нова ТВ on December 25, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 25, 2019 09:02

Одржувањето на предвремените избори во закажаниот термин на 12 април е можно да се проблематизира, поради одолговлекувањето на клучните закони во Собранието. Ова вчера го изјави премиерот Зоран Заев, додека пак опозицијата обвини дека премиерот ќе бара илјадници можни начини за да ги одложи изборите.

Претседателот Стево Пендаровски, пак, вели дека нема логика изборите да се одложат бидејќи тие се закажани само неколку месеци пред редовниот термин, како и тоа дека тоа би ги нарушило планирањата на бизнис заедницата.

„И така влегуваме во изборна година, 12 април е само неколку месеци од редовниот термин за избори, и не можам да видам која партиска или државна логика би барала тие избори да се изместат“, вели Пендаровски.

Заев вчера изјави дека доколку во Собранието не бидат донесени суштинските закони кои се значајни за животот на граѓаните, тогаш изборите може и да се одложат, додавајќи дека сепак не го посакува тоа.

„Сто пати сум кажал досега дека изборите не треба да се одложуваат, но истовремено должност пред се граѓанска и политичка е да не дозволиме било што да ја закочи реализацијата на она што значи интерес на граѓаните“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со 120-те закони што се на дневен ред на собраниската седница.

Тој рече дека нема да им го дозволат тоа на сите оние кои се обидуваат да опструираат, и апелираше и до парламентарното мнозинство да биде во собраниските клупи за навремено да се донесат суштинските закони.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, коментирајќи ја изјавата на Заев, рече дека премиерот ќе бара илјади можни начини како да ги одложи изборите.

„Цело време се обидува да внесе збрка и во Собранието, меѓу коалициските односи во неговата Влада и со разни идеи само за да избега од изборите. Веројатно во текот на вчерашниот ден добил нови анкети на својата маса и видел дека трендот на поддршка што ја има е во екстремно надолна линија, рече Димовски.

Ние, како што рече, никогаш не сме правеле проблем во Собранието за суштинските закони.

„Напротив, правиме проблем за кршење на Деловникот. Правиме проблем кога се ставаат на дневен ред точки кои не исполнуваат деловнички услови да бидат ставени на дневен ред како точки. Правиме проблем кога се блокира Собранието во една недела со 300 закони, а во целиот мандатен период од три години наназад нема донесно 300 закони. Правиме проблем кога на опозоцијата не и се дава основно право од 130 точки да предложи барем една точка на дневен ред за која ќе се разговара. Во конкретниот случај тоа беше нашата идеја да разговараме за аерозагадувањето и животната средина“, додаде Димовски.

ДУИ, пак, според пратеникот Артан Груби, со нетрпение ги очекува изборите и следната победа.

„Убедени сме во апсолутна победа, посебно кај албанскиот блок и дека ќе станеме пресуден, одлучувачки фактор за формирање на следната влада и ќе бидеме гарант за трите договори, Охридскиот, Преспанскиот и Добрососедскиот, како и за реализација на програмата“, нагласи Груби.

Груби потенцираше дека ДУИ е за избори, оти се подготвени и реформирани со цел, како што рече, повторно да ја преземат одговорноста од граѓаните за реализација на нивните очекувања.

Повтори оти ги поддржуваат сите законски решенија, било да е тоа Законот за Армијата, Законот за ЈО, па дури и инкорпорирањето на препораките од ОДИХР и ОБСЕ во Изборниот законик кои би сакале да се усвојат во текот на јануари, по изборот на преодната влада, која ќе треба да ги организира изборите.

Запрашан за изјава на премиерот Заев за можно одложување на изборите доколку не се донесат суштинските закони, Груби рече дека ако има политичка волја и дијалог меѓу политичките партии ништо не би било пречка и сите закони можат да се усвојат во краток можен рок.

Пратеникот Фадил Зендели од БЕСА, пак, оцени дека изборите се веќе договорена работа меѓу политичките партии и кај претседателот на државата и не треба да се условуваат со било какви донесувања на суштински закони.

Пратеникот Самка Ибраимовски од собраниската говорница ја осуди блокадата на носењето на законите од страна на опозицијата и рече дека ќе бара од премиерот одлагање на изборите, додека не се донесат одредени закони во Парламентот.

власт избори опозиција претседател
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.