Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ до ХАН: Разочарани сме што ЕК не ја осуди платформата

0
By Нова ТВ on March 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако вчера, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ како единствен што не даде изјава за медиумите по средбата со еврокомесарот Јоанес Хан, утрово партијата соопштение до медиумите со кое информира за ставовите кои делегацијата ги презентирала пред Хан.

Средбата траела 3 часа, а од партијата велат дека нивната делегација отворено зборувала за директното мешање на надворешни фактори во создавањето на кризата, неприфатливата улога и мешање на неколку амбасадори во процесот на формирање на Владата, улогата на СЈО како политичка испостава на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ му кажале на Хан дека нивната партија е разочарана од Европската Комисија затоа што не осудиле „Тиранската платформа“.

„ВМРО-ДПМНЕ останува на позицијата дека на последните избори се случи политичка измама на граѓаните со тоа што платформата од Тирана, поставена како предуслов за формирање на Влада, воопшто не беше претставена пред граѓаните и тие не беа информирани за намерата на некои партии да извршат редефинирање на државата и изигрување на нејзиниот Устав. ВМРО-ДПМНЕ го потенцираше фактот дека мнозинството од македонскиот народ не може да биде оставено во опозиција и без право да учествува во раководењето и одлучувањето за иднината на својата држава, при тоа почитувајќи го истото право и на сите други граѓани. ВМРО-ДПМНЕ посочи дека предвремени избори секако ќе има, но колку побрзо се одржат тие, толку подобро за Република Македонија. Потребно е да се искористи можноста тие избори да се одржат заедно со локалните избори, во најбрз можен рок, со цел ставање конечен крај на долгогодишната криза, која во овие денешни околности очигледно не е во можност да заврши“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата со Хан присуствувале Никола Груевски, Антонио Милошоски, Илија Димовски, Александар Николоски и Христијан Мицковски.

ВМРО-ДПМНЕ Јоханес Хан Платформа средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.