Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева и СЈО понизно извршуваат политички нарачки

0
By Нова ТВ on March 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство се претворија во карикатура, заради понизноста во извршувањето на политичките нарачки, стои во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конфереција на СЈО, за отворените три нови истраги, во кои меѓу осомничените се екс лидерот и премиер, Никола груевски, пратеникот Антонио Милошоски и Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски.

„Во ситуација кога економијата е пред колапс, а владата на Заев е целосно неспособна да ги испорача ветувањата со кои ги манипулираа граѓаните, сосем е очекувано повторно да се активира СЈО чиј мандат за отворање истраги и обвиненија истече уште во јуни минатата година“, стои во соопштението.

Поради ова, велат од опозициската партија, Јанева и СЈО продолжуваат политички да конструираат случаи без никаква правна основа.

„Јавноста мора да биде дефокусирана од целиот хаос што се случува во државата. Затоа се отвораат случаи за договори потпишани од Амбасадорот на ЕУ во Скопје или закони изгласани во Собранието. Паниката во која што се наоѓа СДСМ не може да биде оправдување за несериозното и незаконско постапување. Правната држава ќе се врати откако ќе си замине оваа неспособна власт“, се додава во соопштениото на ВМРО-ДПМНЕ.

СЈО денеска отвори три нови истраги со кодни имиња „Попис“, „Моќник“ и „Актор“.

Првата – „Попис“ се однесува на стопирањето на пописот на населението во 2011 година во кој осомничени се Никола Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. „Моќник“ е за лустрацијата на кичевски судија поврзана со продажба на државно земјиште, каде првоосомничен е пратеникот Антонио Милошоски, додека третата е за изградбата на автоматот Демир Капија – Смоквица. Груевски и Јанакиески во овој случај се осомничени за злоупотреби при доделувањето на тендерот за изградба на автопатот на грчката фирма „Актор“.

Актор ВМРО-ДПМНЕ Моќник нови истраги попис реакција СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.