Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ најави интерпелација за Спасовски-не се споменува бегството на Груевски

0
By Нова ТВ on December 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во опозициската партија очекуваат за неа да се расправа во средината на јануари, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски.
 
Во интерпелацијата се наведува дека Спасовски во изминатиот период „функцијата ја извршувал крајно несовесно, нестручно, селективно и по насока на врвот на неговата партија, а спротивно на Уставот и законите во РМ“.

-Наместо да се гржи за јавниот ред и мир и да ја гарантира безбедноста на граѓаните, главна задача на министерството за внатрешни работи стана прикривањето на убиства и криминал. Министерството за внатрешни работи наместо да се бори со криминалот и корупцијата, стана институција која служи за собирање изнуда, поткуп и заштита на криминалот. Откако министерот Спсовски започна да раководи со Mинистерството за внатрешни работи граѓаните секојдневно се жртви на грабежи, обиди за убиства, убиства, рекетирања и насилства кои минуваат неказнето. Дека Министерството за внатрешни работи не си ја врши работата како што треба говори и истражувањето на Евробарометар објавено на 12-ти септември каде што е наведено дека доверба во полицијата имаат само 34 % од граѓаните, додека 61% од граѓаните немаат доверба во полицијата. Непрофесионално работење на МВР се одрзи и со зголемување на корупција во државата. Наместо борба против корупцијата имаме огромно зголемување на корупцијата што резултираше Република Македонија да се најде на дното на листата на Транспаренси, рече Мицевски.

На забелешка од новинарите дека меѓу причините за интерпелацијата не е споменато бегството на екс премиерот и почесен претседател на партијата Никола Груевски, Мицевски кажа дека за вакво крупно прашање ќе ги почекаат извештаите од институциите.
ВМРО ДПМНЕ Груевски интерпелација Мицевски Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.