Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Внатрешни и надворешни структури се против наше членство во НАТО и ЕУ

0
By Нова ТВ on August 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 18, 2018 14:44

Во Македонија и надвор од земјата постојат структури кои не сакаат оваа држава да стане пристојно место за живеење, кои не сакаат Македонија финално да се стабилизира, и кои не сакаат да успее во своите стратешки приоритети – членка на НАТО и членка на ЕУ.

Ова денеска го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, демантирајќи уште еднаш дека на воениот полигон Криволак се користи муниција со осиромашен ураниум.

– Лага е дека на Криволак се користи осиромашен ураниум и неодговорно е и антидржавно и срамно што некој се обидува да ја злоупотреби. Најостро и најдецидно ја демантирам дезинформацијата со којашто сакаат граѓаните да се уплашат, рече таа во изјава за медиумите на Отворениот ден на АРМ за граѓаните.

Шекеринска истакна дека Македонија повеќе од 14 години учествува во мисиите на НАТО, а над десет години на Криволак се одвиваат и македонски и регионални и вежби на НАТО.

– Зар не е малку чудно што првпат, после овие 10-15 години, во последнава година наеднаш се појавија дезинформации околу можните опасности, праша Шекеринска, додавајќи оти во изминатава година секојпат кога државата ќе забележи успех, тие излегуваат со лаги и дезинформации.

– Ги демантирам и порачувам дека овие лаги нема да не обесхрабрат, да го работиме тоа што ни го доверија граѓаните – да ја направиме Македонија подобра држава. Ве поттикнувам вас и како новинари и како истражувачи да ги видите линковите, да се обидете да дознаете што е во позадина. Нас нема да не дефокусираат да се занимаваме со нив, наместо да се занимаваме со нашата задача, имаме стратешки приоритет, имаме државни цели, и фокусирани сме на нив. Меѓутоа факт е дека исти луѓе, иста држава 10-15 години не гледала проблем во сите овие работи, бидејки нема таква опасност, оцени министерката за одбрана.

Шекеринска рече дека сака државата да е побезбедна и постабилна, а со тоа и еколошки почиста.

– Јас сум државјанин на оваа држава, немам резервни пасоши, немам резервни татковини, немам сметки на Белизе, и единствено нешто што сакам е државата да ми биде подобра, постабилна, побезбедна, па и еколошки почиста. Убедена сум дека никој од нас, такво нешто не би дозволил ниту за себе, ниту за своето семејство, ниту за својата држава, посочи Шекеринска.

Во изминативе денови на социјалните мрежи се појавија информации дека на воениот полигон Криволак ќе се користи муниција со осиромашен ураниум, што веднаш беше демантирано и од страна на Министерството за одбрана, кое одговори  дека „ваквите лаги имаат за цел да ја поттикнат недовербата на граѓаните во НАТО и се во функција на негативна кампања за претстојниот референдум“.

дезинформации ЕУ Криволак НАТО ураниум Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.