Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во 16 часот почнува 85 часовниот карантин, најдолг досега во Македонија

0
By Нова ТВ on April 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Попладне во 16 часот почнува 85 часовниот полициски час за сите граѓани на територија на целата држава. Забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, за време на претстојниот христијански празник Велигден, ќе трае до вторник (21 април) во 5 часот.

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи (МВР) да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник. Од вчера во 16 часот до 5 часот во вторник е забрането движење и групирање во сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и во викенд населбите.

За лицата над 67 годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10 до 12 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други граѓани има целосна забрана.

За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13 до 15 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други лица има целосна забрана.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби. Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоци од забраната за движење важат за полицијата,за армијата, за здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Изземени од забраната се и сите лица со попреченост со придружници. За да го остварат ова право, за овие лица нема да се издаваат посебни дозволи и доволно ќе биде со себе да имаат медицинска белешка која ќе треба да им се презентира на полициските службеници доколку за тоа се укаже потреба.

Премиерот Оливер Спасовски и министерот за здраство Венко Филипче, во пресрет на Велигденските празници апелираа до граѓаните да покажат одговорност, да останат дома, да не се собираат, групираат и строго да ги почитуваат заштитните мерки, посебно физичката дистанца од два метра за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Надлежните укажуваа дека влегуваме во најкритичната фаза од епидемијата каде бројот на новодијагностицирани очекувано расте, но не смее да се дозволи тој дополнително да се оптовари и да се даде шанса понатаму, за две недели од сега, заради групирања да се јават нови пациенти.

Карантин Македонија мерки Ограничувања полициски час препораки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.