Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во„8 Септември“навалица од пациенти, болницата затвора одделенија

0
By Менче Атанасова Точи on March 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На хируршкото одделение во болницата „8 Септември“ се незадоволни поради затворањето на нивниот оддел и намалување на  бројот на болнички кревети, дознава НОВА од свои извори во болницата. По одлуката за реорганизација заради недостиг од медицински сестри, 10 кревет од општа и ургентна хирургија се префрлаат на дигестивна хирургија и урологија и одделението се затвора. Исто така, десет кревети од одделението за пулмологија ќе бидат префрлени на гастроентерехепатологија, а ендокринологија оди на кардиологија. Незадоволни од одлуката, наводно вработените на хирургија  потпишуваат петиција заради ваквата одлука на раководството на болницата.

„Не знам, до мене такво нешто досега не стигнало“, изјави кратко Зоран Стојановски заменик директор на болницата „8 Септември“.

Началникот на хируршкиот оддел  Санде Стојановски потврди дека имало собирање на потписи, но нагласи дека ќе ја почитуваат одлуката на раководството, како и дека нема најава за протести како што се шпекулира во јавноста.

„Ние имаме навала од пациенти, но ќе ја почитуваме одлуката на директорот. Нема ништо од таа петиција. Н а одделот имаме доволно медицински сестри, но секако нема доволно во операционите сали. Знам дека интерно одделение барале да се направи реорганизација, ние не“, изјави Стојановски за НОВА.

Од друга страна, директорот Сашо Стојчев потврди дека реорганизацијата е во тек, се преместуваат болнички кревети и од понеделник дефинитивно ќе бидат затворени одделенијата за Пулмологија со ендокринологија и Општа и ургентна хирургија. Стојчев потенцира дека болницата ќе работи со намален капацитет со 75 кревети помалку, а причината за сето ова е недостигот  на медицински сестри. Болницата затвори и четири операциони сали, па сега наместо со седум работи само со три операциони сали.

„ Целта на сето ова е за да ги одмориме малку медицинските сестри, преморени се, постојано дежураат.  Инаку, граѓаните треба да знаат дека итните случаи нема да се враќаат, сите ќе бидат оперирани кои се итни. Ќе бидат одложени само закажаните операции кои што можат да чекаат“, изјави Стојчев за НОВА.

Минатата година според методологија на Министерството за здравство се констатира дека во болницата треба да се вработат 180 медицински сестри, не вклучувајќи ги физиотерапевтите и лаборантите. Конкурсот кој беше распишан пропадна бидејќи министерството не ги испрати тестовите за кандидатите. Веднаш потоа пропадна и финансиската согласност. И токму заради тоа дел од вработените во болницата се зачудени како е возможно Владата да распишува оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации во вредност од 50 милиони денари или 800.000 евра, а да ја поништи финансиската согласност за вработување на 60 медицински сестри, кои се неопходни и е главна причина поради која болницата колабира.

Од Министерството за здравство се уште не се изјасниле дали работат на тоа да го решат проблемот во болницата и како планираат да го сторат тоа.

болница сестри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.