Олимпик Марсеј го декласира Тулуз со 4:0 во воведниот меч во новата сезона во француската Лига 1. Двоен стрелец за тимот од „Велодром“ беше Димитри Паје во 45. минута од пенал и во 62. минута, противничката мрежа по еднаш ја погодија Валери Жермен во 89. минута и Флоријан Тован во втората минута од судиското екстра време.
Покрај убедливиот триумф на домашните, натпреварот го одбележа и ВАР технологијата што вечерва за првпат се примени во францускиот фудбалски шампионат.
Лига 1, 1 коло
Олимпик Марсеј – Тулуз 4:0
Сабота
Нант – Монако (17 ч.)
Анже – Ним (20 ч.)
Лил – Рен (20 ч.)
Монпелје – Дижон (20 ч.)
Ница – Ремс (20 ч.)
Сент Етјен – Генгам (20 ч.)
Недела
Олимпик Лион – Амиен (15 ч.)
Бордо – Стразбур (17 ч.)
ПСЖ – Каен (21 ч.)