Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Хелсинки средба Трамп – Путин

0
By Нова ТВ on July 16, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 16, 2018 08:40

Самитот на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи денеска во финската Претседателска палата.

Тоа е зграда од 19 век, со поглед на Балтичко Море, која некогаш била резиденција на руските императори во Финска.

Како домаќин на состанокот, финскиот претседател Саули Нинисте ќе има билатерални средби со двајцата гости. Пред самитот, тој официјално ќе ги поздрави Путин и Трамп.

Билатералните разговори меѓу Трамп и Путин ќе се одржат во Готската сала на Претседателската палата, по што во Салата на огледала ќе биде организиран работен ручек со повеќе членови од делегаците.

Шефовите на дипломатите од двете земји, Сергеј Лавров и Мајк Помпео, исто така ќе имаат билатерална средба.

Предвидено е во попладневните часови Трамп и Путин да одржат заедничка прес-конференција.

Лидерите на двете суперсили на средбата ќе разговараат за многу теми меѓу кои се ситуацијата на Блискиот Исток, Сирија, Иран, Украина, наводното руско мешање во изборите во САД, како и ситуацијата во која се наоѓаат нуклеарните договори.

Самитот во Хелсинки ќе биде четвртиот состанок на претседателите Трамп и Путин од инаугурацијата Трамп во јануари 2017 година.

Трамп вчера изјави дека во Хелсинки заминува со мали очекувања.

– Немам големи очекувања од самитот, изјави Трамп во интервју за Си-Би-Ес њуз и додаде дека од разговорите на двајцата лидери нема да се случи „ништо лошо“.

– Мислам дека е добро да се состанеме. Верувам во состаноци. Верувам дека состанокот со претседателот Ким беше добра работа. Мислам дека состанокот со кинескиот претседател беше многу добра работа. Така што верувам во состаноци со Русија, Кина, Северна Кореја. Од тоа нема да произлезе ништо лошо и можеби ќе излезе нешто добро, рече Трамп.

Во интервјуто, Трамп ја нарече Европската унија „непријател” на САД, сместувајќи ја меѓу „многуте непријатели”кои воедно се и „меѓу најблиските сојузници на САД”.

– Мислам дека Европската унија е непријател, она што ни го прави во трговијата. Вие не би помислиле на Европската унија, но таа е непријател, рече Трамп.

Тој додаде дека Русија е непријател на САД „во одредени аспекти”, а Кина е „економски” непријател. Сепак, вели Трамп, тоа не значи оти Кинезите  се лоши.

– Тоа не значи ништо. Тоа значи дека тие се натпреварувачки дух, рече Трамп.

Путин Трамп Хелсинки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.