Судскиот совет во понеделник на седница ќе одлучува кој ќе биде новиот претседател на Основниот суд Скопје 1 Скопје.
На седница на Судскиот совет ќе се решава кој ќе ја извршува функцијата в.д. претседател со оглед на тоа што мандатот на актуелниот претседател Владимир Панчевски му истекува в недела.
Освен Панчевски, во моментов, како кандидати за местото претседател се јавуваат и судиите Иван Џолев и Владимир Туфегџик. Судијата Џолев, со кривична пријава го обвини Панчевски дека вршел влијание при донесување на судска одлука, а Туфегџиќ побара Судскиот совет да го поништи огласот за избор на претседател на Основниот суд Скопје 1- Скопје поради нерамноправност.
Големи се шансите за в.д. претседател да биде избрана судијката Дијана Груевска-Илиевска, која што меѓу некои своите колеги важи како „протеже” на Владимир Панчевски.