Поранешниот претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Мишел Платини (63) е уапсен претпладнево во рамки на истрагата за начинот на доделување на СП 2022 на Катар, пишува британски „Индепендент“.

Како што, пак, објавија француските медиуми, Платини е приведен во Нантер, предградие на Париз.

Платини беше на чело на УЕФА од 2007 година до 2015 година кога доби забрана за вршење на функција во фудбалот за период од шест години, мерка што по поднесената жалба беше намалена на четири години.