Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во „Труст“ се очекува да говори и вториот сведок

0
By Нова ТВ on November 23, 2017 ПОЛИТИКА
Фото мкд.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство“ во кој обвинети се Сеад Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и  фирмите „Трансмет“, Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ.

Според обвинението, тие здружени во конзорциум доставиле фалсификувани документи за сопственост на механизација и за кадровска екипираност со крајна цел да добијат тендер на ЕЛЕМ вреден над 17 милиони евра за ископ на јаглен во Суводол.

Минатата недела почна главната расправа во овој судски процес при што сите обвинети се изјаснија за невини.

На последното рочиште пред два дена започна и изведувањето на докази, а како сведок во судницата беше сопственикот на фирмата „Фичо Сервис“ од којашто „Трансмет“ на Кочан ги купувала градежните машини. Обвинителите од СЈО тогаш предочија договори и фактури кои биле дел од тендерската документација, но сопственикот на „Фичо Сервис“ можеше да потврди дека од него била купена само една машина. За останатите, за кои обвинителите му ги покажаа и фактурите, кажа дека фактурите и меморандумите се негови, но не може да го потврди потписот на нив, ниту пак, е сигурен дали се реализирале. За потписите велеше дека „не се гледаат добро“, „личи на неговиот“, како и дека „низ годините го менувал потписот“.

На истото рочиште во судницата требаше да сведочи уште еден сведок, управник од „Силекс“, но не се појави, па се очекува тој да се појави на денешното рочиште на кое исто така ќе се изведуваат докази.

докази сведоци Труст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.