Турската полиција денеска во југоисточниот округ Сирт ја уапси новинарката Хатиџе Камер, која е вработeна во дописништвото на Би Би Си во Турција, јавува агенцијата ДПА.

Камер била уапсена додека известувала за спасувачка акција во рудник, каде по несреќа останале заглавени неколку рудари.

Апсењето на Камер го потврди и Би Би Си, додавајќи дека засега не им се познати причините за лишувањето од слобода на нивната новинарка, која воедно е и претседател на локалниот огранок на новинарското здружение.