НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вонредната состојба завршува в сабота, датумот за избори сè уште неизвесен

0
By Нова ТВ on May 28, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четиринаесетдневната вонредна состојба завршува в сабота, а партиите сè уште се без договор за датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Владата прави проценка дали ќе бара продолжување на вонредната состојба, но засега нема најава за нова лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, откако на двете претходни не беше постигнат договор за термин за изборно соочување.

Власта инсистира на избори во првиот можен термин кога ризикот од ширење на заразата ќе биде сведен на минимум. Тоа, според СДСМ, е потребно и одговорно, токму за здравјето на граѓаните, за целосен рестарт на македонската економија, но и за заштита на демократијата преку соодветна контрола на Владата и обезбедување функционални демократски институции. Затоа сметаат дека изборите се решение, а не проблем. Соодветно време за избори, според нив, е пред почетокот на летото, посочувајќи го 21 јуни како термин.

Брзи избори, пак, за ВМРО-ДПМНЕ не се решение, туку проблем. Обвинуваат дека со инсистирање на избори во време кога пандемијата сè уште не е стивната се загрозува здравјето на граѓаните. Власта, според нив, уште од првиот момент на пандемијата на коронавирусот води политика наместо конкретни мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Оопозицијата останува на ставот за избори на крајот на август или септември.

Двете партии велат дека се подготвени за консензус и не ја исклучуваат можноста за договор, иако инсистираат да отстапи другата страна. Како можно компромисно во решение во медиумите се спомнува 5 јули, но официјалната потврда за тоа засега нема. До крајот на неделата Владата мора да ги заврши анализите и да одлучи дали ќе бара продолжување на вонредната состојба.

Одлуката е на претседателот на државата дали ќе ја продолжи, но во контекст на изборите, од Владата истакнуваат дека според Устав и законите, сите изборни дејствија кои беа прекинати поради пандемијата на ковид-19 ќе продолжат во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба.

За премиерот Оливер Спасовски изборите се детерминираат од денот на завршувањето на вонредната состојба. Изборите, смета тој, дека треба да се одржат 22 дена откако ќе заврши вонредната состојба.

Спасовски вели дека има уставен рок од 60 дена што укажува дека од моментот на распуштање на Собранието изборите треба да бидат одржани во рок од 60 дена. Според тој роковник, остануваат уште 22 дена за одржување на изборите, смета Спасовски. Тој очекува да има дијалог меѓу политичките партии и врз основа на тој дијалог да се носи одлуката во рамките на роковите што се предвидени.

За лидерот на СДСМ, Зоран Заев на државата и граѓаните им се неопходни законодавна и извршна власт, ново Собрание и политичка влада со полн капацитет и целосен, нов легитимитет од граѓаните за подготвени да го дочекаме можниот нов бран на коронавирусот наесен.

„Нашата татковина има потреба од избори во првиот можен термин за подготвени да го дочекаме септември. Со полн капацитет да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме македонската економија. Новата нормалност значи организирање на изборен процес, кампања и гласање согласно здравствените протоколи пропишани од надлежните институции. Сто проценти сигурни избори за граѓаните, за нивното здравје, за сите учесници во изборниот процес“, смета Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, вчера нагласи дека има канали за разговори меѓу нив, но не потврди дека 5 јули е можен датум за избори. Тој смета дека датумот за одржување на изборите треба да се донесе со консензус.

Оваа партија сè уште е на ставот оти здравјето на граѓаните е најважно и дека избори треба да се одржат кога тоа нема да биде загрозено. Сметаат дека брзите избори не се решение во држава во регионот во која, како што велат, има највисока стапка на смртност од опасниот вирус.

„Канал на комуникација постои. Јас не би сакал дополнително да коментирам во врска со каналот за комуникација кој постои бидејќи, како што реков, не сме сите исти и не се занимаваме сите во ваков тип брифинзи. Доколку има договор и кога ќе има договор ние ќе и го соопштиме на јавноста“, рече Мицкоски.

Тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на изборен процес, доколку власта одлучи да организира избори на 21 јуни.

Избори на 5 јули е прифатлив термин за Либерално-демократската партија (ЛДП), кажа вчера претседателот на партијата Горан Милевски.

„Ја поддржуваме иницијативата на ДУИ парламентарните избори да се одржат на 5 јули. Мислиме дека е крајно време да се закаже датум за изборите, бидејќи, како што може да се забележи, кризата го намалува влијанието, но во догледно време нема целосно да се укине: не може да чекаме да нема ниту еден заболен, зашто не знаеме кога ќе биде. Ние мора да ги одржиме изборите, зашто проектите се закочени“, рече Милевски.

Партиите од албанскиот политички блок чекаат договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, иако ДУИ јавно се декларира за брзи избори зависно од состојбата со ковид-19, Алијансата за Албанците и Алтернатива се за избори на 26 јули, а БЕСА е против пролонгирање на изборите и ќе го прифати евентуалниот меѓупартиски консензус.

Првично, изборите беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавирусот и вонредната состојба тие беа одложени со владина Уредба со законска сила.

датум Зоран Заев избори Македонија Оливер Спасовски Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.