Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси по седми пат ја освои „Златната топка“, овојпат пред Роберт Левандовски и Жоржињо. Со тоа постави нов рекорд и ја вметна Аргентина на делба на првото место од аспект на земји од кои доаѓаат победниците, заедно со Германија, Холандија и Португалија. 

Покрај Меси, на подиумот се најдоа и Роберт Левандовски и Жоржињо кои ги освоија двете најважни титули, Лигата на шампионите со Челзи и ЕП 2020 со Италија. Првите 10 ги заокружија Карим Бензема на четвртото место, Нголо Канте на петтото, Кристијано Роналдо на шестото, Мохамед Салах на седмото, Кевн де Брујн на осмото, Килијан Мбапе на деветтото и Џанлуиџи Донарума на 10. место.

Од 30-те номинирани фудбалери, единствен претставник од регионот беше лауреатот за 2018 година Лука Модриќ, кој заврши на делба на 29. место со Сезар Аспиликуета.

Останатите награди им припаднаа на Педри – „Трофеј Копа“ за најдобар млад играч, Џанлуиџи Донарум – „Трофеј Јашин“ за најдобар голман, Роберт Левандовски – „најдобар напаѓач“, Челзи за најдобар клуб и Шпанката Алексија Путелјас за најдобра фудбалерка за 2021 година.