Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховниот суд на САД пренасочи 2,5 милијарди долари за изградба на ѕидот кон Мексико

0
By Нова ТВ on July 27, 2019 СВЕТ
Фото: cnn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот Врховен суд одобри пренасочување на две и пол милијарди долари што Конгресот првично ги одобри на Пентагон за изградба на ѕидот долж границата меѓу САД и Мексико.

Судот, во кој конзервативците имаат мнозинство, со пет наспроти четири гласа ја блокира пресудата на сојузниот судија од Калифорнија со која на републиканскиот претседател му се забранува трошење пари, бидејќи Конгресот децидно не му одобрил средства за проектот за изградба на ѕидот.

За проектот, вреден вкупно шест милијарди долари, жестоко се спротивставија демократите и мексиканската Влада.

Трамп не успеа да го убеди Конгресот за финансирање на ѕидот, иако во февруари прогласи вонредна ситуација на национално ниво и најави дека ќе ја овласти управата за изградбата на ѕидот да репрограмира,6,7 милијарди долари од фондовите кои Конгресот ги додели за други намени.

Неколку држави, вклучувајќи ја и Калифорнија, и организации како „Сиера Клуба“ и коалицијата на Јужни гранични заедници, ја оспорија управната одлука во две одвоени тужби.

Окружниот суд во Калифорнија во јуни одлучи дека е незаконит предлогот на администрацијата на Трамп за изградба на ѕидот со пари што се наменети за борба против дрогата. Судијата издаде налог со кој се забранува користењето на парите од фондовите за изградба на овој ѕид. Администрацијата на Трамп се жалеше на оваа одлука.

Трамп, на кого изградбата на ѕидот на границата со Мексико му беше централната тема во неговата претседателска кампања во 2016 година, на Твитер ја поздрави одлуката на Врховниот суд, нарекувајќи ја „победа за сигурноста на границата и владеењето на правото“.

граница ѕид Конгрес Мексико Пентагон САД Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.