Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВТА Мастерс во Синсинати: Халеп против Мугуруза за титула

0
By Нова ТВ on August 20, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Симона Халеп и Гарбине Мугуруза ќе играат во женското финале на Мастерсот во Синсинати што се игра за награден фонд од 2,536,154 милиони долари. Романката во полуфиналето ја декласира Слоун Стивенс од САД со 6:2, 6:1 и по вторпат во кариерата ќе атакува на титула на турнирот во Охајо.

Мугуруза, пак, до своето прво финале во Синсинати стигна по убедливиот триумф против Каролина Плишкова со 6:3. 6:2. Иако чешката тенисерка важеше за фаворит на хартија, сепак, нејзината колешка од Шпанија остана фокусирана и со мирна рака за втора победа против водечка тенисерка на ВТА листата во оваа сезона. Претходно славеше во три сета и над Анжелик Кербер на Вимблдон.

„Секој меч е добар кога ќе победите број еден во светот. Одлично се чувствував на теренот и имав целосна контрола во натпреварот. Се одеше во моја полза. Настојував да бидам што повеќе агресивна и да не размислувам премногу на нејзината игра. Не паничев во ниту еден момент бидејќи знаев дека тоа да ме доведе во опасност“, изјави Мугуруза.

Димитров во машкото финале со подобриот меѓу Кирјос и Ферер

Григор Димитров е прв финалист на машкиот дел од турнирот во Синсинати по победата низ два тај-брејка против Американецот Џон Изнер. Негов ривал во мечот за титулата ќе биде подобриот од второто полуфинале меѓу Ник Кирјос и шпанскиот ветеран Давид Ферер што се игра ноќеска.

ВТА Мастерс во Синсинати/награден фонд 2,536,154 милиони долари

Полуфинале

Халеп (2., Романија) – Стивенс (САД) 6:2, 6:1

Мугуруза (4., Шпанија) – Ка. Плишкова (1., Чешка) 6:3, 6:2

АТП Мастерс во Синсинати/награден фонд 5,627,305 милиони долари

Полуфинале

Димитров (Бугарија) – Изнер (САД) 7:6, 7:6

Грбине Мугуруза Григор Димитров Мастерс Симона Халеп Синсинати тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.