Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Втор ден протести на ВМРО-ДПМНЕ: Власта да не крие што преговара со Бугарија

0
By Sashko on June 9, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска од 15 до 17 часот одржа протести со блокади на три локации во Скопје и во уште 10 градови низ земјава, преку кои побара увид во документот од преговорите со Бугарија. На протестот беше истакнато дека македонскиот идентитет, јазик и историја се поважни од се.
Освен во Скопје, партијата организираше блокади и во Штип, Велес, Кочани, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Охрид, Битола и Кичево.

Пратеникот Антонио Милошоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ги организира блокадите поради, како што рече, „нетранспарентноста на власта и тајните преговори кој што двоецот Заев-Бучковски ги води со официјална Софија за сметка на интересите на Република Македонија, а поврзани со договорот за кој што Заев рече дека ги решил сите државни проблеми“.

– Очигледно е дека Заев лажел. Договорот со Бугарија не решил проблеми, туку создава нови проблеми и сега се бараат од Македонија нови отстапки и затоа сметаме дека не треба да се крие од јавноста што се преговара, туку да се соопшти на медиумите и на граѓаните кои се анексите кои што Софија инсистира да бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ, рече тој.

Во коментар на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека вратите на МНР се отворени за лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, Милошоски го повика министерот дојде во Собранието и пред пратениците да соопшти за што преговара со Софија.

– Министерот за надворешни работи, Бујар Османи може во МНР да го покани Никола Димитров за да имаат подобра координација, може да го покани Артан Груби или може да го покани Зоран Заев за да си разговараат за коалициските работи, но како избран од Собранието на Република Македонија, министерот Османи законски има должност пред Собранието да се појави тој и на пратениците како народни избраници да им објасни за што тајно се преговара во Софија и кој го овластил Бучковски да преговара нови анекси на Договорот со Бугарија, рече тој.

Бугарија ВМРО-ДПМНЕ Договор Македонија протести спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.