Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Втора пресуда на битолскиот суд за базенот Довлеџик за дискриминација

0
By Нова ТВ on December 5, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основниот суд во Битола, донесе уште една, втора по ред пресуда против базенот Довлеџик во Битола поради директна дискриминација и повреда на правото на еднаквост на неколку Роми со тоа што не им дозволил влез на базенот на 12.08.2017 година поради нивната етничка припадност, соопшти Европскиот центар за правата на Ромите.

Судот му нареди на правното лице кое управувало со базенот Довлеџик да ја прекине практиката за одбивање влез на базенот за Роми и исплата на оштета во висина од 10.000 денари за секој тужител поединечно.

Оваа е веќе втора пресуда на македонските судови во кои како доказ се прифаќа тестирање на ситуација која е организирана од страна на Европскиот Центар за правата на Ромите.

Првата беше на средината на ноември против истиот базен Довлеџик  поради директна дискриминација на Ром со тоа што не му било дозволено да влезе на базенот во летото 2017 година поради неговата етничка припадност

Во оваа постапка тимот на ЕЦПР меѓу кои и Сенада Сали, правник во ЕЦПР, Адвокат Кети Јандријеска Јованова адвокатка од Скопје и Мустафа Асановски монитор од ЕЦПР, на 12.08.2017 година во соработка со локалната НВО Баирска Светлина од Битола, организираше тестирање за дискриминација во Битола во кое беа вклучени шестмина Роми и пет не-Роми, а подоцна резултатите од ова тестирање беа поднесени до судот како доказ. Притоа, на сите лица кои не се Роми им било дозволено да влезат на базенот, додека на сите Роми им бил забранет влез.

Овие две пресуди на Основниот суд во Битола праќаат порака дека ‘Ромите не смеат повеќе да бидат дискриминирани’ и ќе имаат позитивен ефект за Ромите во Битола.

-Пред се ова е голема победа на Ромите од Битола, кое секое лето се соочуваа со расна дискриминација на локалните базени, а истото тешко можеа да го докажат. Токму тестингот ни помогна да собереме доволно докази за ваквата систематска пракса и соодветно да го претставиме проблемот пред Судот. Несомнено, пресудата од ваков вид претставува пример во македонското судство (а верувам и во регионот). Значајно е тоа што Судот најде директна дискриминација на група граѓани во однос неколку заштитени основи истовремено : етничка припадност, боја на кожа и пол. Искрено, се надевам дека ваквата пресуда ќе служи како лекција за потребата од толеранција и соживот меѓу различните заедници во државата, вели Сенада Сали, правник во ЕЦПР.

Според адвокатката Кети Јандријеска Јованова од Скопје, која ги застапуваше Европскиот Центар за правата на Ромите и останатите тужители во постапката, значајно во овој предмет е и тоа што за првпат во Република Македонија е донесена позитивна судска пресуда со која на невладина организација, во конкретниов случај на Европскиот Центар за правата на Ромите, и се признава правото на активна легитимација да биде тужител во судската постапка согласно чл.41 од Законот за спречување и заштита од дискриминација. Во моментов ЕЦПР се јавува како тужител во уште неколку судски постапки и очекуваме и другите судии да го следат овој пример.

базен Довлеџик дискриминација пресуда Роми Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.