НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ во Москва на средба со Путин непосредно пред изборите во Србија

0
By Нова ТВ on March 26, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, допатува во Москва, каде утре ќе има средба со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Посетата ќе се случи во очи на претседателските избори во Србија закажани за 2 април, на кои Вучиќ е кандидат.

Во делегацијата на Вучиќ се министрите за одбрана и економија, Зоран Ѓорѓевиќ и Александар Вулин.

Вучиќ изјави дека теми на разговор ќе биде економијата, воено-техничката соработка, како и соработката во областа на туризмот.

Тој нагласи дека со Путин ќе разговара во „четири очи“ и дека делегацијата на Србија, ќе одржи посебен состанок со претставниците на руската влада.

„Прва тема е нашата економска соработка, бидејќи поради падот на рубљата и цената на нафтата и гасот, дојде до пад на нашата стокова размена. Ќе разговараме за преработка на овошје и зеленчук, за „Агрокор“, чиј газда станува „Сбернака“, за можна соработка во наменска индустрија во која користиме шасии од КАМАЗ“, изјави премиерот Вучиќ.

Во однос на воено-техничката соработка Вучиќ рече дека очекуваат финализација на тој дел на соработката, бидејќи на Србија не и била доволна само полициска заштита на небото и затоа ќе разговарале за набавка на противавионски системи.

Вучиќ последен пат бил во Москва во неофицијална посета, на крајот на минатата година, кога разговараше со министерот за одбрана на Русија и потоа изјави дека е договорена испорака на шест авиони од типот „МИГ 29“, 30 тенкови и други оклопни возила.

Александар Вучиќ Владимир Путин Москва Русија Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.