Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вулгарности и говор на омраза на Илинден – МВР и ОЈО најавија постапки

1
By Нова ТВ on August 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одбележувањето на 115 години од Илинденското востание кое традиционално е на мечкин камен, годинава го одбележа скандал што го предизвикаа навивачки групи, кои пееја вулгарни и навредливи песни, дофрлаа недолични зборови и пцовки кон владината делегација која пристигна заедно со високиот претставник на Стејт Департментот Метју Палмерс, и која потоа беше нападната од претставници на тнр. Патриотски здруженија и граѓани со пластични чаши и шишиња.

На ист начин беа дочекани и претставниците од Собранието, дипломатскиот кор и на некои други политички партии. Додека делегациите полагаа цвеќе на споменикот, навивачките групи скандирааат пароли со говор на омраза и вулгарности.

Но за разлика од тоа, присутните со аплауз го дочекаа претседатаелот Ѓорге Иванов, кој во своето обраќање жестоко ја нападна актуелната власт и во најголем дел говореше за Договорот со Грција- дека не го прифаќа, затоа што е штетен, а нема да го поколебаат обидите за притисок врз него.

-Лага е дека со овој грчки договор се јакне македонскиот идентитет. Напротив, со овој грчки договор правно се укинува македонскиот народ. Многупати се обидувале да ни накалемат туѓ идентиет, но сепак не успеале. Сега сакаат да го убедат македонскиот народ да изврши правно и историско самоубиство, рече Иванов.

Во говорот тој се повикуваше на изјави на револуционери и на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров, за кого рече дека од една претходна власт бил заобиколуван за Тајванскиот договор, исто како што по 20 години оваа влада го заобиколува него за договорот со Грција.

– Ако Тајванскиот договор беше резултат на среброљубие, Грчкиот договор е резултат на славољубие. Заслепени од рефлекторите на некои наши политичари како личната слава да им е помила од достоинството и судбината на целиот народ. Ако со Тајванскиот договор се направи обид да се редефинира позицијата на Република Македонија на меѓународен план , со грчкиот договор се редефинира самата држава, рече Иванов.

– Ќе му порачам на Иванов да си ги прочита повторно и Рацин и Прличев и сите кои денес ги цитираше. Никој како него не ширел меѓунационална и меѓуверска омраза, рече министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, коментирајќи го говорот на Иванов.  Од општина Крушево, пак реагираа дека сите кои сеат омраза се срам за Илинденците и го сквернават големиот празник.

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека презема мерки и активности за расчистување на денешниот инцидент на прославата на Илинден во Крушево, кога поединци кои беа присутни на прославата фрлаа со предмети кон присутните делегации.

Се преземаат мерки за идентификација на сторителите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи во содејство со Јавното обвинителство презема мерки и за расчистување на случаите со ширење на говор на омраза на денешната манифестација во Крушево.

Од Кабинетот на Иванов попладнево преку писмено соопштение изразија жалење за тоа што владината делагација била исвриркана, истакнувајќи дека тоа не било предизвикао од пораките на Иванов, бидејќи тој  никогаш не поддржувал инциденти и говор на омраза.

-Жалиме што денеска владината делегацијата беше исвиркана на одбележувањето на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево, но сметаме дека тоа на ниту еден начин не беше предизвикано од пораките упатени од претседателот Иванов, се вели во соопштението.

Од Кабинетот на Иванов истакнуваат дека „Владата на Република Македонија треба самата да се запраша зошто македонскиот народ на тој начин реагира кон владините претставници и да превземе одговорност зошто народот е поделен и шири говор на омраза кон државните институции и неистомислениците“, се вели во соопштението.

говор на омраза Иванов Илинден Манчевски МВР ОЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.