Author: Соња Крамарска
Делегација од Министерството за надворешни работи на Бугарија предводена од министерката Теодора Генчовска денеска и утре ќе престојува во работна посета на Северна Македонија. Како што соопшти македонското МНР, посетата се реализира на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, а е во функција на дијалогот меѓу двете министерства за адресирање на отворените билатерални прашања, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и прашањата за евроинтеграцијата на Северна Македонија. (Р.Н.)
Новиот тарифник за плаќање струја на увид в понеделник, сметките може да се зголемат и за 40 отсто
Регулаторната комисија за енергетика денеска објави дека в понеделник ќе се одржи јавна трибина на која ќе бидат презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. „Главната цел на воведување на скалестото тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, и со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка е во рамки на просечната потрошувачка…
Културниот центар во Битола „Иван Михаилов“ објави дека се опожарени нивните простории. „Во раните утрински часови беше опожарен објектот на Културен центар ‘Иван Михајлов’ – Битола. Очекуваме институциите во најбрз можен рок целосно да го расветлат случајот“, објавија од центарот. Просториите беа отворени во средината на април, а освен бугарскиот премиер, Кирил Петков, присуствуваше цела делегација од државниот врв на Бугарија. Дента на отворањето голем број граѓани излегоа во центарот на Битола изразувајќи револт против отварањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михаилов“. Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро го осуди, како што соопштија, актот на намерно палење на влезот…
Албанскиот парламент денес треба да избере нов претседател од редовите на владејачката Социјалистичка партија, која не откри ниту еден кандидат дури ни пред гласањето. Главната опозициска Демократска партија најави бојкот на седницата, но гласовите на опозициските пратеници сепак нема да бидат важни. Во четвртиот круг од изборите доволно е просто мнозинство гласови во 140-члениот парламент. Ова може да го обезбедат социјалистите на премиерот Еди Рама. Во споредба со последното гласање, кога се гласаше за актуелниот претседател во заминување Илир Мета, сега не беа објавени имиња дури и во провладините медиуми, а аналитичарите го критикуваат Рама дека процесот на избор на…
Кога Владимир Путин испрати војници во Украина кон крајот на февруари, вети дека неговите сили нема да ја окупираат земјата. Но, како што инвазијата го достигна својот 100-ти ден, Москва се чини сè понеподготвена да се откаже од територијата што ја зазеде во војната. Рубљата сега е официјална валута во јужниот регион Керсон, заедно со украинската гривни. На жителите таму и во деловите на регионот Запорожје под контрола на Русија им се нудат брзи руски пасоши. Администрациите инсталирани од Кремљ во двата региони зборуваа за плановите да станат дел од Русија. Слични намери изразија и лидерите на сепаратистичките области во…
Министерката за одбрана Славјанка Петровска рано утрово по американско време во Белата куќа имаше средба со Аманда Слот, директорка за Европа, Дејвид Фабрицки, директор за НАТО и европски прашања и Адмир Музурович, директор за Балкан и Централна Европа при Советот за национална безбедност. На средбата стана збор за безбедносната состојба на европскиот континент, која бара единство, сојузништво и брза и ефикасна интеграција, соопшти Министерството за одбрана. Министерката Петровска порача дека токму процесот на европска интеграција стана безбедносно прашање од највисок приоритет при што ја поздрави американската поддршка за неодложен почеток на преговорите за членство на Северна Македонија со ЕУ. „Прашањето на почетокот на пристапните преговори…
Уставниот суд со години наназад е под силно партиско – политичко влијание и тоа ќе продолжи бидејќи поставеноста или начинот на избор на судии не дава гаранции дека тие ќе бидат судии со силен личен кредибилитет и дека ќе ја ценат уставноста и законитоста, смета пратеникот Павле Трајанов, кој денеска на Комисијата за избори и именувања на која тече расправата за избор на тројца од предложени девет судии ја истакна потребата за реформи на судскиот систем, а пред се на Уставниот суд и неговата улога и поставеност. -Начинот на кој што се води целокупната постапка е за дискредитација на предложените…
Најмалку тројца патници загинаа во железничка несреќа што утрото се случила на југот на Германија, а голем дел од нив се тешко повредени. Несреќата се случила околу пладне во близина на Гармиш-Партенкирхен, кога регионален воз полн со патници излетал од шините. Според полицијата, покрај тројцата загинати, повредени се над 60, од кои 16 потешко. Според очевидци, неколку вагони се превртеле и се лизнале по железничкиот насип. Меѓу патниците имало и многу деца. Возот сообраќал на линијата Гармиш-Партенкирхен – Минхен. На пожарникарите им помогнаа и припадниците на Бундесверот кои се стационирани во овој дел на Германија, поради претстојниот самит на Г7…
Годишната инфлација во Турција се зголеми на 73,5 отсто во мај, што е највисока стапка во последните 24 години, пишува денес порталот Политико. Меѓу најпогодените сектори се транспортот, каде цените се зголемија за 107,6 отсто на годишно ниво, и храната, каде што трошоците се зголемија за 91,6 отсто, покажуваат податоците на Турскиот статистички институт објавени во петокот. Тоа е највисокото ниво на инфлација во Турција од 1998 година, една година пред земјата да усвои сеопфатна програма за дефлација поддржана од ММФ. Турската централна банка одби да ги зголеми каматните стапки и покрај инфлацијата, одржувајќи ги непроменети повеќе од пет месеци.…
Како дел од својата дополнителна агенда за време на конференцијата за безбедност „ГлобСек 2022“во Братислава, претседателот на Владата Димитар Ковачевски се сретна со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Обединетото Кралство Стјуарт Пич. Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека честите контакти со специјалниот пратеник Пич се резултат на засилениот ангажман на Обединетото Кралство на Западен Балкан и на промовирање на прашањата за регионалната безбедност и поддршка на демократските општества за стабилен и просперитетен регион. За време на разговорот беше потенцирано дека целосно интегриран Западен Балкан не е само политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ, туку и геостратешка инвестиција во…
Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија на денешната регионална конференција за примената на Европската конвенција за човекови права и правото на судење во разумен рок рече дека ефикасноста и професионалноста на судството и обвинителството не се суштински само за спроведувањето на правдата, туку дека тие се од клучно значење и за кредибилитетот и за положбата на целиот правен систем. „За да се добие довербата од јавноста, судството и обвинителството мора да ја осигурате ефикасноста на целокупниот судски систем, притоа почитувајќи ги основните вредности. Но, тоа не може да го направите сами. Потребна е поддршка од владата, парламентот, академијата и потребно…
Вчера во Вашингтон се одржа првиот состанок од процесот за Стратешки дијалог меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија, и по тој повод Владите на двете земји објавија заедничка изјава во која се истакнува дека дијалогот е фокусиран на продлабочување на билатералното партнерство. Во заедничката изјава се потврдуваат силните односи меѓу нивните две земји и се радуваат на заедничко унапредување на заедничките приоритети за безбедност и просперитет на билатерален план, на европскиот континент и во целиот свет. Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ја истакнуваат нивната силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина изборот за европска иднина…















