Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Затворени базени во Прилеп и Велес, Агенцијата за млади и спорт бара од градоначалниците да се одобрат локации

0
By Marija Todorovska on January 23, 2024 ВЕСТИ, СПОРТ
Фото: Рацин
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 23, 2024 15:01

Агенцијата за млади и спорт бара од Општина Прилеп и од Општина Велес да се обезбедат локации за затворени базени.

Директорот на Агенцијата достави барање до општина Велес да одреди локации за изградба на затворен базен, објави на фејсбук пратеникот од Велес Ненад Коциќ.

Пратеникот Миле Талевски од Прилеп објави дека се обезбедени средства за изградба на затворен базен во Прилеп.

„Обезбедивме средства за изградба на покриен базен во Прилеп. Докажуваме дека секогаш си стоиме на дадениот збор. Градиме покриен базен за потребите на учениците, спортистите, младите луѓе и за граѓаните на општина Прилеп воопшто.. Еве му прилика на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески да се разбуди од зимскиот сон и да се приклучи кон реализацијата на овој капитален спортски објект. Еве му шанса на Јовчески наспроти теснопартискиот интерес и досегашното кочење на централните инвестиции во градот, да избере здрава и спортски ориентирана младина“, наведува Талевски во објавата

Од Агенцијата за Млади и спорт за Фронтлајн ја потврдија информацијата и доставија допис.

„Агенцијата за млади и спорт го реализира Проектот „Изградба на 14 пливачки базени во РСМ”, каде општина Прилеп е предвидена како дел од истиот.
Согласно планот за развој на спортот и изградбата на спортска инфраструктура во Република Северна Македонија, изработен е Основен проект за изградба на типски затворен пливачки базен со можност за изградба на различни локации на рамен терен. Изградбата на базенот треба да овозможи услови за одржување на настава по пливање, обука на непливачи, тренинг, рекреација и натпревар преку целата година за учениците, спортистите, младите луѓе и граѓаните од општината и пошироко. Објектот е наменет за спортови на вода, првенствено за обука на непливачи, односно обука на ученици од помала возраст, но истовремено овозможува и тренинг на деца и спортисти со понапредни способности во пливањето. Објектот исто така овозможува минимум услови за рекреација на локалното население од сите старосни групи во термини посебно определени за таа намена.

Допис од Агенцијата за млади и спорт

Како што се наведува во дописот, објектот треба да се постави во склоп на постоечки спортски комплекс, училишен двор или други објекти согласно вашите локациските услови.

„Просторот наменет за овој објект треба да е на слободна локација без градби со планирана рамна конфигурација на теренот, кон кој секојдневно гравитира голем дел од населението од општината. Важен елемент за избор на локацијата е и добриот сообраќаен пристап до објектот и поврзаноста со околните објекти. Сообраќајното решение треба да овозможува лесна комуникација и пристап на интервентни возила. При проектирањето се користени сите стандарди и нормативи за проектирање на ваков вид на објекти. Централната просторија на објектот располага со базенско корито димензионирано за обука на непливачи и тренинг и рекреација на пливачи со димензии од 25 м должина и ширина од минимум 8,80м. Минималната длабочина на базенот е 0,8 м, а максималната 1,4 м. Висината на објектот е оптимално димензионирана со цел да се овозможи најекономично користење. При проектирањето се применети препораките, стандардите и нормативите на светската пливачка Федерација FINA“, се наведува во дописот од Агенцијата за млади и спорт.

Затворен базен во Струга

Премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски на 27 деркември минатата година го пуштија во употреба целосно реконструираниот затворен пливачки базен во Струга, проект спроведен со буџетски средства преку Агенцијата за млади и спорт во износ од 1,6 милиони евра.

Ковачевски во обраќањето пред присутните изрази задоволство што по цели 20 години повторно на стружани им стои на располагање затворениот пливачки базен, како што рече, споменот на многу генерации.

Тој изрази уверување дека објектот повторно ќе биде гордост на Струга и гордост на сите спортисти и вљубеници во пливањето.

Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Агенција за млади и спорт Велес затворен базен Прилеп Спортисти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.