Author: Zoran Ivanov
Сојузот на синдикати денеска ги блокираше претставниците на Владата пред почетокот на седницата, порачувајќи им дека не држи ниту еден нивен аргумент за да нема повисоки плати во државава. Тие порачаа дека Владата треба да го стави нивното барање за минимална плата од 600 евра и за раст на сите други плати за 6.000 денари под итно на седницата што е во тек. Притоа, побараа Владата да им пружи рака на работниците, но и на бизнисот. –Упатуваме пораката до Владата на денешната седница многу сериозно да говорат за барањата на работниците за зголемување на минималната плата и на другите плати.…
Патуксент: Три лица, вклучувајќи го и наводниот напаѓач, се убиени кога вооружен човек отвори оган на лизгалиште за хокеј на мраз во градот Патуксент, Род Ајленд , за време на младински натпревар, информираат локалните власти.
Љубомир Косотовски: Како што се очекуваше а со познавање на влијанието на политиката врз третата власт, најсилната кандидатка за иден прв човек на Држацвното јавно обвинителство – Ленче Ристеска против себе доби дури седум гласови.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека во текот на ноќта Русија извршила масовен комбиниран напад дизајниран да предизвика максимална штета на украинскиот енергетски сектор.
Зоран Милошоски: Персоналниот состав на актуелното владејачко мнозинство е најдобар показател дека неспособноста, ароганцијата и забеганоста одат рака под рака.
55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за 161 тендер за една фрима, 51 тендер преку општините за друга, 74 тендери за трета, нема одговори за 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, за тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта, велат од СДСМ.
Сојузот на синдикати денес, со блокирање на пристапот до Владата, ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра, а на сите други плати за 100 евра. Владата е третата институција што е блокирана од синдикатот откако минатата недела беа блокирани Парламентот и Стопанската комора.
Образованието на албански јазик не смее да се третира како „подарок“ или компромис кој се одложува, туку како фундаментален столб на мирот, кохезијата и граѓанската интеграција. Подзаконски акт, имплементиран веднаш, согласно словото на постојниот Закон за употреба на јазиците, со веќе добиено мислење од Венецијанската комисија и со активно учество на локалните заедници, е најлогичното и најефикасно решение.
На денешната прес-конференција Сојузот на синдикатите на Македонија најави дека утре во 11 часот синдикалните претставници во име на работниците ќе ја блокираат Владата како дел од втората фаза синдикални активности за зголемување на работничките плати.
Едноставно, нацртот на ЗВО под плаштот на некаква реформа која ќе го зголеми квалитетот на универзитетското образование, всушност во огромен обем ја руши Автономијата на универзитетот.
Главна дестинација на владинот авион е релацијата Скопје-Будимпешта.















