Author: Zoran Ivanov

Македонија и во 2025 година останува заробена во зоната на висока корупција. Со 40 поени од можни 100, земјата не бележи никакво реално подобрување на Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешенел, иако формално се искачи четири места погоре – на 84. позиција меѓу 182 држави. Напредокот во рангирањето сепак не е резултат на реформи, туку на падот на други земји што лани биле подобро пласирани.

Read More

Министрите на Шведска, Данска, Норвешка, па и многу други, до работните места одат со трамваи, па и со велосипеди. Дри и премиери пеш стигнуваат до нивните работни кабинети. Нашиве, како да се пудли исплашени, со мозочиња чипирани, ќе купувале автомобили блиндирани.

Read More

ВМРО ДПМНЕ не може да се пронајде во ниту еден конститутивен политички гест на современата македонска држава. Тоа ја прави партијата излишна, без причина на постоење и тоа таа го има разбрано на некој перверзен начин. Единствен начин да се легитимира е сите коститутивни гестови на современата македонска држава да ги прогласи за предавства.

Read More

Добро утро на сите, освен на пратениците. Зошто освен на пратениците, затоа што две години го блокираат предлогот на работничките синдикати за зголемување на работничките плати или за зголемување на минималната плата и сите останти плати за 6.000 денари“, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Read More

Работниците предводени од ССМ денес одат на протест и блокада на Собранието, каде што ќе ги повторат барањата за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Од 9 часот ќе биде затворен пристапот до законодавниот дом, односно улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев”.

Read More

 Освен „надворешните непријатели”, ВМРО и Мицкоски го плашат народот и со „предавници“ внатре во земјата. Ова ги принудува граѓаните со низок коефициент на интелигенција да се обединат околу лидерот како единствен заштитник. Уште една гнасна алатка што ја користи власта во државата е чистење на информативниот простор од критички мислења. Ацо Лукароски Македонија полека влегува во светското друштво на авторитарни држави. Тоа е само едниот дел од трагедијата. Другиот, уште пострашен дел, е што во тоа друштво сме единствената ‘мала’ и немоќна држава. Нема голема опасност за Русија, Кина, Северна Кореја, Белорусија, Иран, па дури и за Србија и Венецуела.…

Read More

Истите тие што осум години го славеа Законот за легализација на медицинскиот канабис, денес се прават дека приказната почнала вчера. Забораваат да кажат дека законската рамка е донесена во 2016 година, од нивниот тогашен и сегашен идол. Сега, скандал „мајсторите“ бараат виновници во правилници, мешаат закон и подзаконски акт, сув цвет и медицинско масло, ГМП стандарди и аграрни услови – се со цел да се замати суштината.

Read More

Кога го покренавме Рацин.мк, идејата беше едноставна: медиум кој не трча по кликови по секоја цена, туку по вистински, проверени и значајни приказни.

Read More

Во Владата размислувале да купат авион и блиндирани аута. Баталете таа замисла. Дечки во владата, не се чаламете и не трошете државни пари за непродуктивни државни луксузи. Ич не ви треба владин авион. Ич. Авионите се скапа играчка. Рационалната и евтина варијанта е кога ќе ви притреба да изнајмите. Има сервис центри за изнајмување авиони и во соседството и малку пошироко колку сакате. Ем евтино и рационално ем ефектно. Авионите се за побогати и за подинамични држави кои можат добро да ги чуваат и редовно да ги одржуваат согласно стандардите на производителот и прописите на воздухопловните власти. Авионите летале, не…

Read More

Зоран Иванов: Независните српски медиуми едногласни: Невозможен е толку крупен шверц без знаење на властите во Скопје и во Белград. Генералниот сомнеж е како тоа 5 тони дрога поминала две граници, две полиции и две царини и стасале на отворена српска територија. Генералното прашање им е како е можно властите во двете држави да се прават на три ипол кога имаат контрола за секоја ситница дури и за тоа што се случува во секое село, а не знаеле за движењата на толку крупен нарко шверцерски ланец. Генералниот заклучок е им е дека без знаење на властите во Скопје и во…

Read More

Драматичен вооружен грабеж, опишан како сцена од акционен филм, се случи денеска на југот на Италија, кога група разбојници нападна оклопно возило за транспорт на пари на автопатот меѓу Бриндизи и Лече, објавија повеќе италијански медиуми.

Read More

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз основа на заедничката Одлука на Претседателството на ССМ и Советот на ССМ, а согласно Законот за јавни собири организира протест со блокада на ден 10.02.2026 година (вторник), кој ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија со почеток во 9 часот.

Read More