Author: Zoran Ivanov

Тирана: Според извештајот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од 1990 година, Албанија и Косово се двете земји кои имаат најголема емиграција на населението од посткомунистичките земји.

Read More

Ниту една Влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. Ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог. Токму затоа денес можеме со гордост да кажеме дека Македонија гради зрел, структуриран и одговорен модел на соработка, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски на вториот национален форум саем на граѓански организации „Соработка на Владата и граѓанското општество“.

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека вчера имал консултации во врска со пријавата од новинарот и публицист Владимир Перев (80), дека бил објект на вербален и физички напад од непознато лице во Скопје и истакна дека апсолутно отфрла оти имало каков било напад.

Read More

Беким Сали прв вицепремиер и министер за евроинтеграции, Мухамед Хоџа министер за животна средина, Орхан Муртезани амбасадор во Брисел и Башким Бакиу нов министер за здравство на местото на Азир Алиу кој пак, ќе биде директор на Агенцијата за електронски комуникации.

Read More

Евроинтеграцијата не се гради во Брисел, туку дома, во нашите одлуки и начинот на кој постигнуваме консензус, порача претседателот на Собранието, Африм Гаши на осмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската Унија (НКЕУ-МК), одржана денеска во Собранието.

Read More

Хонгконг: Пожар избувна денеска во станбен комплекс во северниот кварт Таи По во Хонг Конг, а облаци од густ чад се креваа додека службите за итни случаи се бореа да го стават пожарот под контрола. Неколку луѓе се заробени во зградата, објави јавниот радиодифузен сервис РТХК, повикувајќи се на полицијата, додека еден маж претрпел сериозни изгореници, се наведува во соопштението. „Ванг Фук Корт“ е станбен комплекс кој се состои од осум блока, со речиси 2.000 станбени единици. Неколку згради околу запалениот облакодер имаат бамбусови скелиња на нивната надворешна страна.

Read More

Ријад: Саудискиот весник „Ашарк ал Авсат“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека палестинското милитантно движење Хамас, како во Појасот Газа така и во странство го разгледува предлогот за распуштање на военото крило и трансформација во политичка организација.

Read More

Белград: Пред Народното собрание на Србија избувна нов хаос откако група опозициски пратеници се обидоа да влезат во парламентот преку импровизираниот камп „Чациленд“, поставен во Пионирски парк.

Read More