Author: Zoran Ivanov
жСветот доби речиси еден милион нови милионери во долари во 2025 година, што е еквивалентно на повеќе од 2.680 луѓе дневно, или речиси двајца секоја минута. Голем дел од тој раст надвор од САД беше во Европа, при што Источна Европа бележи најбрз процентен раст, а Обединетото Кралство, Франција и Шпанија заостануваат зад САД во однос на вкупниот број нови милионери, објавува „Еуроњуз“.
Украинската војска ги засили нападите во близина на Крим, откако по нападите врз рускиот копнен коридор кон полуостровот почна да ги таргетира и поморските линии за снабдување, објави „Би-би-си“.
Повеќе од четири месеци по неговото убиство, поранешниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи, беше погребан во неговиот роден град Машхад, јавија иранските медиуми. Погребната церемонија се одржа зад затворени врати во светилиштето на Имам Реза, најсветото шиитско светилиште во Иран.
Мицкоски вели да сме кажеле што сакаме за Изборниот законик, ќе прифател.
Имплементацијата на новиот онлајн систем за претходно одобрување на влез во ЕУ очигледно е одложена до следната година, откако хаотичното воведување на посебен електронски систем за гранични проверки го попречи патувањето во Унијата, пишува „Фајненшл тајмс“.
Петтото издание на фестивалот „Преку езерото“ се одржува од 8 до 15 јули 2026 година во Дојран, Струмица и Гевгелија. Настанот ја децентрализира културата, ставајќи фокус на иранската кинематографија, додека актерот Тони Наумовски е лауреат на наградата „Мето Јовановски“ за неговиот исклучителен меѓународен придонес во филмската уметност.
Додека пред меѓународните чинители Мицкоски и ДПМНЕ глумат дека Изборниот законик им е реформа за која многу силно се борат да се донесе – тие се обидуваат одговорноста за неговото недонесување да ја префрлат врз опозицијата, велат од Левица и наведуваат дека нема да се откажат од барањето за една изборна единица.
Во Лавов, град на западот од Украина, синоќа избувна конфликт за време на проверката на воените документи како дел од мобилизацијата. Притоа, службеното возило на Територијалниот центар за регрутирање (TCK), украинската институција задолжена за воени евиденции и мобилизација, беше превртено, пишува Suspilne.
Извршниот одбор на СДСМ дискутираше за повеќе актуелни теми.
На 9. јули од 20:30 часот, Кинотеката организира омаж на Стефан Сидовски-Сидо, еден од најзначајните автори на македонскиот аматерски филм и истакнат филмски педагог. Ќе биде прикажан избор од неговото богато творештво, кое се одликува со интелектуална провокативност, сатиричен пристап и со филозофски идеи. Преку своите филмови, Сидо отвора прашања за човекот, моќта, технологијата и современиот свет, оставајќи траен белег во македонската филмска култура. Генерации филмофили и негови ученици го паметат како инспиративен професор и неуморен промотор на филмската уметност, велат од Кинотеката. Ќе бидат прикажани неговите филмови „Полуден револуционер“, „Големото око“, „Привид“, „Писмо“, „Надеж“, „Самрак на цивилизацијата“, „Дискурс“, „Идентификација“,…
Почина професор д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија, информираат од Филозофскиот факултет во Скопје.
СДСМ: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе а бесплатниот го нема во аптеките
Владата на Мицкоски ги изигра и ги излажа пациентите кои боледуваат од астма и хронична опструктивна белодробна болест, затоа што прво Фондот за здравство ја зголеми цената на лекот „фостер“ од 300 на 1.080 денари, а потоа не може да се најде бесплатната замена во ниедна аптека, изјави денеска портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.















