Author: Zoran Ivanov
Претседателот на Србија Александар Вучиќ очекува насилство на вечерашниот протест на студентите во Белград, објавуваат српските медиуми. По свеченоста на која доделуваше ордени за Видовден, претседателот Вучиќ кажа дека граѓаните не треба да се грижат за она што ќе се случува вечерва.
Српската полиција распореди голем број припадници во Белград во обид да се зачува мирот поради најавениот протест на студентите во блокада и од попладнево кога почнаа да се собираат голем број граѓани кои ја поддржуваат властите.
Белград: Голема колона моторџии и луѓе тргнаа од Нови Сад кон Белград за да им се придружат на студентите кои сакаат да студираат на Видовденската книжевна вечер и Студентскиот протест. Протестот „Се гледаме на Видовден“ е закажан за денеска во 18 часот на плоштадот Славија во Белград. Според програмата на протестот, од 19:11 часот ќе се одржи 16-минутен молк за 16-те жртви од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, а во 19:27 часот ќе се пее националната химна, по што ќе следат првиот блок студентски говори, доделувањето на Црвениот божур, уште два блока студентски говори, а во…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Берлин, во рамки на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), се сретна со поранешниот германски канцелар Олаф Шолц.
Управата за јавни приходи соопшти дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини и оти тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
Во ноќта на 28 јуни, Безбедносната служба на Украина ја нападна воздухопловната база Кировске во привремено окупираниот Крим, користејќи беспилотни летала кои ефикасно уништија три јуришни хеликоптери (Ми-8, Ми-26 и Ми-28) и самооден противвоздушен систем Панцир-С1 се наведува во извештајот на СБУ објавен на Телеграм, пренесува Укринформ.
Доколку се најдете во близина на собири или насилни ситуации, веднаш напуштете ја таа област. Ако не сте во можност да заминете, пронајдете безбедно место за засолниште, порача американската амбасада во безбедносно предупредување објавено на својата веб-страница. Освен избегнување на подрачјата, амбасадата на САД им препорачува на своите државјани и да ги следат локалните медиуми, да останат во затворен простор, да обезбедат доволни залихи на храна и вода, како и да направат планови за евакуација или засолништа ако евакуацијата не е можна. Се наведува и дека американските државјани можат да се обратат до амбасадата, и се повикуваат да се пријават…
Две лица загинаа, а најмалку 14 се повредени кога руски дрон се урна во висока станбена зграда во украинскиот град Одеса на Црното Море, соопштија властите во вторник.
Досега Путин ги отфрли обидите на претседателот Трамп, кој го зголеми интензитетот на своите напади врз украинските цивили. Автор на интервјуто: Драган Мишев ЦИВИЛ МЕДИА започна серијал на тема „НАТО лидерски самит 2025: Предизвици и перспективи“ во кои релевантни соговорници, експери во областа на геополитиката, безбедноста, одбраната и членството во НАТО одговараат на прашањата за предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг, зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од ГДП до 2035 година и единството на Алијансата во претстојниот период. Своите ставови по овие прашања, ексклузивно за ЦИВИЛ МЕДИА ги сподели Едвард…
Денеска, сабота, 28 јуни, со почеток во 18:05 часот, во Кочани ќе се одржи единаесеттиот по ред „Марш за ангелите“, во знак на сеќавање на настраданите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“. Настанот е организиран од родителите и блиските на жртвите, како симболична почит кон починатите и поддршка за побрзо заздравување на повредените.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчера се сретна со жителите на Маџир маало во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, кадешто секое пладне, Герасимовски заедно со тимот од општинската администрација, разговара со граѓаните на терен, директно во нивните маала.
За денеска кога Србија празнува Видовден, студентите кои седум месеци протестираат, најавија голем протест во Белград. Собирот ќе почне во 18 часот и ќе трае три часа, а најголема енигма е што ќе се случува потоа, бидејќи студентите порачаа дека не се надлежни за ништо по 21 часот.















