Author: Zoran Ivanov
Ноќниот напад на руски беспилотни летала врз Запорожје предизвика серија пожари и штети на индустриски згради и гаражни објекти, објави денес Укринформ.
Сѐ додека го имаме Францускиот предлог, ние сме безбедни, рече вечерва Бојан Маричиќ поранешен Прв Заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања во интервју за телевизијата Канал 5 .
Во Димона, со околу 43.000 жители, луѓето зборуваат за Центарот за нуклеарни истражувања само скришно. Кодното име е: „текстилната фабрика“. Израелската нуклеарна програма е јавна тајна. Еден од нејзините центри e нуклеарниот реактор Димона, во срцето на пустината Негев. Сепак, во блискиот град официјално не се зборува за тоа.
Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба во врска со Западен Балкан, која беше прогласена во 2001 година, за уште една година, почнувајќи од 26. јуни.
Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во рамките на седницата на Парламентот посветена на пратенички прашања, до министерот за транспорт Александар Николоски упати прашање дали наредил или спровел надзор во врска со законитоста на работењето на општина Чаир во областа на урбанистичкото планирање, изведувањето на градби, бесправно изградените објекти, комуналните работи и домувањето.
Украина и Русија денеска спроведоа нова размена на воени заробеници, во рамки на договорот постигнат во Истанбул претходно овој месец.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница информираше дека од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит за да се запишат во гимназијата „Георги Димитров“, половина од нив не го положиле испитот што според неа е резултат на досегашната пракса да се пишуваат оценки кои не соодветствуваат со знаењето на ученикот.
Дејан Трајковски: При просечен проток од 174 m³/s во текот на една календарска година (31,5 милиони секунди) Вардар може да наполни волумен од 5,4 милијарди m³, што е за 2,5 пати повеќе од сегашниот волумен на водата во Преспанско Езеро од околу 2,1 милијарди m³.
Приштина: Собранието на Косово пак не беше конституирано бидејќи ниту во 37-от обид предлогот за формирање на изборна комисија за избор на претседател на парламентот не го доби потребниот број гласови.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека неговиот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп бил „долг и суштински“, објаснувајќи дека разговарале како да се постигне прекин на огнот и вистински мир.
Од денеска до 28 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.














