Author: Zoran Ivanov

Три сцени, штандови, говори и концерт ќе бидат дел од централниот собир в сабота во 17 часот, организиран од Движењето за народот и државата, кое е поддржано пред се од владејачката Српска напредна партија – СНС и српскиот претседател Александар Вучиќ. Прогресивците велат дека митингот е непартиски. Во центарот на градот веќе се поставени шатори, трактори и штандови, па просторот околу Собранието на Србија е делумно затворен за сообраќај. Премиерот на Србија во техничкиот мандат, Милош Вучевиќ, порача: Се што мислиме и чувствуваме, дишеме и живееме, не зближило во пораката да не се откажуваме од Србија. Многу сум горд на…

Read More

Тирана: Поголема група граѓани, претставници на здруженија, главно албански муслимански верници, денеска протестираа пред парламентот во Тирана, за да се „спротивстават на ставот на Албанија за војната во Појасот Газа”.

Read More

Целта на администрацијата на Доналд Трамп е постигнување прекин на огнот во Украина до крајот на овој месец, но ако рускиот лидер Владимир Путин не се согласи на примирје до тогаш, САД се подготвени да воведат нови санкции против Москва, јави денеска „Аксиос“.

Read More

Правиме нешто за нашата земја, за нашата иднина, за нашите деца утре. Тие луѓе навистина не ме интересираат, не сакам да обрнувам внимание на тоа, рече вечерва студент велосипедист во Салцбург, коментирајќи ја изјавата на Александар Вучиќ дека учениците кои пред осум дена отидоа во Стразбур со велосипеди, всушност ги превезувале своите велосипеди „во комбе“.

Read More

Зоран Иванов: Децава од “Кој е следен” ја имаат мојата безрезервна поддршка ама некој да им каже дека не е до системот туку дека е до надлежните во системот. До одговорните на позициите во системот. А тие се персони со име и со презиме. Па препорачувам да почнат да прозиваат надлежни и одговорни за секој сегмент во системот каде што тој, системот, затајува. Каде што нешто не функционира. А не функционира не поради системот туку поради платените одговорни во него и поради партиски врзаните за него. Паролата “системот е виновен” е магла. Неточна е. Бега од суштината. Системот може да…

Read More

Од пред Владата преку Судскиот совет и законодавниот дом до Кривичниот суд, попладнево се одржа четвртиот протестен марш на граѓанската иницијатива „Кој е следен?”. Се бараше правда за жртвите во  трагедиите кои се случени како последица на нефункционалноста на системот.

Read More

И судскиот совет како и судиите и Подружницата на здружението на судии на Основен суд Тетово во известувањето за јавноста за двегодишната казна што ја определил судијата Ељмедин Ферати за возачот кој смртно ја прегази младата Теодора Ристовска вели дека судијата не смеел да одреди повисока казна на штета на осудениот Менсур Пајазити.

Read More

Познато е дека во ептен турбулентно време, Американците ја создадоа Република Македонија, и цело време ја штителе. Ама сега работите се сменија. Нема кој да ја штити освен некоја голема среќа. А таа не доаѓа сама по себе.

Read More

Санто Доминго: Најмалку 218 лица го загубија животот при завчерашното уривање на покривот на ноќниот клуб „Џес Сет“ во Санто Доминго, главен град на Доминиканската Република, јавија светските агенции, повикувајќи се на шефот на спасувачките тимови.

Read More

Пред зградата на РТС на улицата „Таковска“ околу 22 часот се собраа студенти поради незадоволство од известувањето на Јавниот сервис во Дневник 2 на телевизијата во кое беше објавено дека е прекината блокадата на одредени високообразовни институции.

Read More

Сараево: Во рамките на акцијата со кодно име „Плик“, истражителите на МВР на Кантонот Сараево ги лишија од слобода Адна Месиховиќ, министерка за наука, високо образование и млади на КС и нејзината помошничка Џенита Витешкиќ.

Read More