Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За лидерите од регионот 2018 година клучна за голем исчекор кон ЕУ

0
By Нова ТВ on December 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите од регионот ја гледаат 2018 година како клучна за голем исчекор на сите држави во пристапувањето кон ЕУ, но и за интензивирање на регионалната соработка со максимална поддршка на инструментите на ЕУ за оваа намена, беше нагласено на синоќешната средба на премиерите на земјите од Западен Балкан со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини во Брисел.

– Најважна новост за државите од Западен Балкан во 2017 година беше најавувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер. Токму Стратегијата и нејзините клучни одредници беа главна тема на дискусија. На средбите беше констатирано дека сите држави од Западен Балкан треба да гледаат на оваа Стратегија како на јасен сигнал кон нив за нивната европска перспектива. Секоја од државите од Западен Балкан треба да напредува на патот кон ЕУ врз основа на напредокот кој го покажува во реформите во клучните области, напиша македoнскиот премиер Зоран Заев на својот Фејсбук профил по средбата со Могерини.

На заедничката работна вечера со Могерини, премиерот Заев, како што соопшти владината прес-служба, ја потврди посветеноста на Македонија кон остварувањето на реформите во правосудството, безбедноста и јавната администрација, како и решавање на сите отворени прашања со соседите. Заев исто така нагласи дека Република Македонија очекува свое место во Стратегијата за проширување на ЕУ која ќе биде објавена во февруари 2018 година, од која се очекува да биде инклузивна, амбициозна, предвидлива и иновативна во својот пристап.

Најважна новост за државите од Западен Балкан во 2017 година беше најавувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ на претседателот на ЕК Јункер. Токму Стратегијата и нејзините клучни одредници беа главна тема на дискусија.

На средбите беше констатирано дека сите држави од Западен Балкан треба да гледаат на Стратегијата за проширување на ЕУ како на јасен сигнал кон нив за нивната европска перспектива. Секоја од државите од Западен Балкан треба да напредува на патот кон ЕУ врз основа на напредокот кој го покажува во реформите во клучните области.

Лидерите на земјите од Западен Балкан ги истакнаа и придобивките од паралелните проекти кои ги забрзуваат  европските интеграции на земјите од регионот во рамките на иницијативата Берлински процес, и посебно Самитот во Трст во јули оваа година. Проектите договорени на овој самит, особено во делот на економското, енергетското и инфраструктурното поврзување, се од особено значење за приближување до стандардите на земјите од Западен Балкан до оние на ЕУ.

Шансите за успешно спроведување на овие потенцијални успеси постојат, доколку се спроведуваат реформите од кои се очекуваат резултати, е заедничкиот заклучок од работната вечера на премиерите на шесте држави од Западен Балкан со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија,Федерика Могерини, во Брисел.

Овој неформален состанок претставува продолжување на разговорите на високата претставничка Могерини со балканските лидери од мај годинава, кога таа, исто така, ги собра на неформална работна вечера.

Брисел ЕУ Западен Балкан Могерини Состанок стратегија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.