Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За забелешките на Венецијанската комисија за Законот за јазици по изборите

0
By Нова ТВ on January 22, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: etleboro.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 22, 2020 11:18

Министерката за правда, Рената Дескоска вели дека не е завршен процесот околу забелешките на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците и оти најверојатно тоа ќе остане за после изборите.„

„Не е завршен тој процес. Се разгледуваат и се анализираат забелешките и она што е законски текст. Јас искрено не верувам дека тоа би се завршило пред изборите, бидејќи сепак треба да се направи сериозна анализа на она што е предложено, дали тоа значи промена на закон, дали тоа значи создавање на одредени услови. Така што тоа најверојатно ќе остане за после изборите“, изјави Дескоска.

СДСМ и ДУИ излегоа со различно толкување за препораките на Венецијанската комисија за Законот за јазиците. Венецијанската комисија неододамна препорача да се преиспитаат одредби од Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни. Правните експерти на Советот на Европа посочуваат дека во споредба со законодавството од 2008 година, новиот закон значително ја проширува употребата на албанскиот јазик и во многу аспекти ги надминува европските стандарди утврдени со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици.

Венецијанската комисија ја поздравува подготвеноста на властите за подобрување на јазичната состојба на заедниците. Оценува дека во одредени области новиот закон може да оди премногу далеку со наметнување на јавните институции на нереални правни обврски, особено во врска со употребата на албанскиот јазик во судска постапка, придружено со тешки санкции во случај на непочитување и можност за промена на судските решенија, доколку има недостиг на превод и толкување во текот на постапката.

Според мислењето на Венецијанската комисија, овој пристап би можел значително да го забави функционирањето на целото правосудство, ризикувајќи сериозни нарушувања на правото на фер судење, загарантирано со Европската конвенција за човекови права. Комисијата понатаму забележува дека Законот за јазици не е прецизен кои одредби важат само за албанскиот, а кои, исто така и за другите јазици на заедниците.

Законот за употреба на јазиците беше донесен во јануари лани. Собранието го гласаше по втор пат, откако претседателот Ѓорге Иванов во 2018 година одби да го потпише указот.

Венецијанска Комисија Забелешки Закон за јазици Рената Дескоска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

ВЕСТИ June 22, 2026

Преговорите на високо ниво меѓу САД и Иран, кои се одржуваат во Швајцарија, треба да…

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.