Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забрана на глифосатот: Европа повеќе не сака да јаде и пие отрови

0
By Светлана Јовановска on October 25, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 25, 2017 11:15

ЕУ се подготвува да ја забрани употребата на глифосатот, најчесто употребуваниот хербицид во светот а и кај нас. Научните истражувања укажуваат дека глифосатот е канцероген и дека повеќе нема свое место во земјоделството и исхраната.

Македонското министерство за земјоделство за НОВА потврди дека глифосатот се употребува и кај нас. Во реакцијата на министерството се вели:

“Доколку во ЕУ се донесе одлука за забрана на производот и Македонија ќе се прилагоди на таа одлука. Кај нас во промет се ставаат само препаратите што се дозволени во ЕУ.”

Европските земјоделци се подготвуваат за органско земјоделство

ЕУ ќе им остави време на своите земјоделци, а очигледно и на нашите, да се подготват за оваа промена што многу европски медиуми денес ја нарекоа “револуција” и да се свртат кон органското земјоделство.

Должината на тој рок ќе биде утврдена денес во Брисел од страна на земјите членки на ЕУ.

Раунд ап на Монсанто на тапет

Глифосатот се наоѓа, помеѓу другото, и во пестицидот Раунд ап на агро-хемискиот американски гигант Монсанто. Откако Меѓународниот центар за истражување на малигни заболувања, орган на Светската здравствена организација (СЗО), во 2015 година објави студија во која се вели дека глифосатот е најверојатно канцероген, Монсанто почна со “брутален притисок” врз оваа научна институција, напиша францускиот Le Monde на 1 јуни годинава.

Една од насловните страни на Le Monde за “војната против науката” на Монсанто

Францускиот медиум објави цела серија текстови во кои се вели дека Монсанто правела притисок и врз повеќе научници, ги заплашувала и манипулирала за да ја дискредитира нивната работа и да го спаси својот главен производ Роунд ап. Текстот на весникот открива и размена на мејлови помеѓу адвокатите на Монсанто и еден од научниците од експертската група на Меѓународниот центар во кои научникот вели дека адвокатите водат «заплашувачка» кампања на «страв и вознемиреност».

Истрагата на весникот укажува на интензивно лобирање на Монсанто во американскиот Конгрес и во ЕК во Брисел и научни студии финансирани од фирмата во кои се брани глифосатот.

Седиштето на Монсанто во Сент Луис во САД

Во САД над 500 лица заболени од рак го тужат Монсанто поради глифосатот.

За разлика од СЗО, агенциите за храна и за хемиски производи на ЕУ имаа друг став. Тие не видоа голема опасност во глифосатот па ЕК се водеше од мислењето на нејзините агенции кога предложи рок од 10 години пред да почне да се размислува за забрана на глифосатот.

Гласот на граѓаните го смени ставот на Комисијата

Околу 1 милион и 300 илјади европски граѓани потпишаа петиција за забрана на оваа состојка. А вчера и Европскиот парламент (ЕП) се изјасни за негова забрана. Но оставајќи рок од 5 години, до 2022 година, во текот на кој земјоделците ќе можат да се адаптираат на оваа огромна промена во нивната работа.

Во Европа потрошувачката на органска исхрана е во пораст во последните години па се повеќе земјоделци и прехрамбената индустрија нудат се повеќе органско производи како овошје, зеленчук, житарици и други прехрамбени производи.

По одлуката на ЕП и Европската комисија (ЕК) одлучи да го смени својот став. Досега таа предлагаше глифосатот да продолжи да се употребува уште 10 години а од вчера предлага тој рок да биде од 5 до 7 години.

Вчера Комисијата беше изложена на остри критики во ЕП кој во својата резолуција напиша дека “Комисијата не гарантира доволно високо ниво на заштита на човечкото и животинското здравје и животната околина” и “не го применува принципот на претпазливост”.

“Се надевам дека ќе има квалификувано мнозинство што ќе му рече “не” на глифосатот. Но се уште не сме стасале дотаму. Граѓаните повеќе не сакаат да јадат, пијат и дишат отров. Глифосатот е отров и треба да му се стави крај”, изјави белгискиот пратеник од Групата на зелените во ЕП Филип Ламбертс.

На 20 март 2015 година Меѓународниот центар за истражување на малигни заболувања ги објави своите заклучоци за глифосатот. Тој тврди дека глифосатот е генотоксичен (може да го оштети човечкиот ДНК) и канцероген за животните и најверојатно и за човекот.

Мерките за редуцирање или забрана на употребата на глифосатот го доведуваат во прашање опстанокот на фирмата за која овој производ е врв на нејзиниот економски успех. Монсанто го произведува хербицидот Раунд ап но и семиња што можат да ја издржат неговата употреба.

Раунд ап беше ставен во продажба во 1974 година. До 2014 година неговата употреба во светот мина од 3.200 тони на 825.000 тони годишно. Глифосатот е дел од 750 производи на стотини фирми во над 130 земји.

глифосат Европска комисија Европски парламент Македонија Монсанто Раунд ап
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.