Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ако „Шверцери“ не ја платат штетата во МНТ, ќе ја плати директорката, некој мора

0
By Нова ТВ on December 26, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сторената штета во МНТ мора да се плати, ако тоа не го сторат „Шверцерите“, тогаш ќе плати директорката Симона Угриновска, беше одговорот на Зоран Заев на пратеничко прашање за време на денешната собраниска седница.

„Во МНТ се причинети два вида на штети – едната е материјална, другата духовна. Во делот на духовната штета, е тоа што културата никој не ја восприема на онаков начин на кој беше презентирана во МНТ, кој навистина бил отстапен за навивачката група по повод Денот на албанската азбука. Штетата мора да се надомести“, рече Заев кој и лично присуствуваше на првиот дел од вечерта во организација на Министерството за политички систем.

Во Македонскиот народен театар (МНТ) беше причинета материјална штета од, речиси, 4.000 евра по свечената Академија по повод 111 години од Денот на албанската азбука на 22 ноември. Најавата за прикажување на документарен филм од домаќините била сфатена дека е во контекст на официјалниот дел на вечерта, но наместо тоа, салата во објектот ја исполнија симпатизери на чаирскиот фудбалски прволигаш Шкупи (поранешна Слога Југомагнат), а проекцијата се однесуваше на нивниот јубилеј – 30 години од формирање на навивачката група „Шверцери“.

Епилогот од нивната „претстава“ беше скршени даскички од украсните лајсни, исечен тапацир, скокање по столчињата и штета од близу 4.000 евра или, поточно, 3,965 евра. Директорката на Македонскиот народен театар (МНТ), Симона Угриновска, со одлука на владина седница, е казнета со 15 отсто помала плата за период од три месеци со образложение за направен пропуст и давање на согласност за отстапување на МНТ без писмен договор. Притоа е задолжено Министерството за култура во соодветна постапка да наложи на директорката на МНТ од организаторите на настанот да побара надомест за направената штетата за време на настанот.

Зоран Заев МНТ Симона Угриновска Шверцери штета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.