Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев:Буџетот за 2018. година ќе придонесе за стабилност на економијата

0
By Нова ТВ on November 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со задоцнување од 40 минути на закажана прес-конференција, премиерот Зоран Заев денеска го претстави Предлог-буџетот за 2018 година.

Тој рече дека предлогот произлегува од реално направени проценки, а цел  на Владата било да формира буџет со развојна компонента, за напредок во економијата. Заев рече дека овој предлог- буџет е голем чекор кој ќе придонесе за стабилност на економијата и Владата треба да гледа подалеку од една година.

„За прв пат предлог–буџетот беше објавен на јавна дебата со цел во консултација со јавноста да се знае каде се трошат парите на граѓаните. Буџетот ги обезбедува основните потреби, навремена исплата на плати, пензии, социјални трансфери. Во 2018 уште поизразено продолжуваме со кратење на непродуктивните трошоци и тие пари ги насочуваме за потребите на граѓаните“, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека целта која ја поставила Владата за раст на економија од 3,2 проценти е базирана на реални основи и е во линија на проекциите на ММФ и на другите меѓународни релевантни финансиски институции.

„Во 2018 инвестираме во повисоки плати за образованието, здравството и детската заштита. Покачување од 5 отсто ќе има на платите за вработените во здравствените установи и образованието, градинките, како и десет проценти поголеми плати за сите припадници на армискиот состав. Планирани се 6,6 милијарди денари повеќе пари за тековни расходи и социјални трансфери кон граѓаните. Има пари и за законско порамнување на пензиите. Како што ќе растат платите ќе растат и пензиите“, рече премиерот.

Со предлог буџетот за 2018 година Владата предвидува 35,7 милиони евра за процесот на гасификација. Како што изјави денеска премиерот, Зоран Заев, тоа се околу 5 милиони евра повеќе од претходната година.

Во план е средствата да се инвестираат во изградба на мрежа кон Прилеп, Битола, Гостивар и Тетово.

„Гасификацијата продолжува онаму каде што застана. Ќе ја нападнеме Македонија со цевки од сите страни. Еден дел од парите ќе се вложат за експропријација, а еден дел за цевки. Ќе бидат отворени и повици до инвеститори за учество во јавни приватни партнерства“ посочи премиерот.

Предлог буџетот предвидува и 3,2 милиони евра за изградба на универзитетот „Мајка Тереза“, кој беше отворен од страна на претходната власт. Заев изјави дека во план е изградбата на објектот да започне со засилено темпо и дека ако има потреба ќе се издвојат повеќе средства за оваа намена.

Заев најави промена во јавните набавки кај институциите. Од први декември, рече тој, секој договор од државна институција ќе може да се реализира само ако прво се објави на веб страната на институцијата.

„Целта е да го направиме потранспарентно трошењето на јавните пари. Кај јавните набавки постои голема можност за корупција и ќе направиме се за да ја намалиме комплетно. Наша трајна определба е борбата против корупција. Десетици милиони евра можат да се заштедат на ваков начин“, рече Заев.

Освен тоа, Владата разгледува и воведување на мерка за секој повраток на ДДВ кај стопанството да биде јавно објавен како податок.

Тој истакна и дека се инвестира и во културни вредности, односно издвоени се 10 милиони денари за реконструкција на офицерскиот дом во Битола и исто толку за спомен обележјата на Тоше Проевски во Крушево.

„За седната година планирани  се вкупно 988 милиони денари за активни политики на нови вработувања“, додаде премиерот Заев.

Премиерот  Зоран Заев   денеска изјави дека Македонија мора да биде подготвена за исчекор за прашањето за името, оценувајќи дека сега има поголеми шанси од порано да се изнајде решение со Грција.

–  Со Република Грција имаме поголеми шанси од порано да изнајдеме решение. Очекувам дека до крајот на овој месец ќе почнат да се раздвижуваат работите, макар на преговарачите со Нимиц. Стојам на располагање и за премиерско ниво, министерот за надворешни работи е подготвен, веќе разговаравме со претседателот на државата. Во поглед на ова прашање Македонија мора да биде подготвена за исчекор конечно за решавање на ова прашање, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Влада економски раст јавни набавки Предлог-Буџет Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.