Премиерот Зоран Заев денеска јавно им порача на парламентарните партии да размислат за понудите кои ги добиле во врска со реконструкцијата на Владата.
-Предлозите се вредни за размислување, го очекувам одговорот од нивна страна. Синоќа се слушнав со еден од лидер на овие парламентарни групи. Денеска имам намера да вртам телефони, сакам да се зголемам парламентарното мнозинство, изјави Заев на денешната прес конференција во Владата.
Досега ниту една од партиите кои Заев ги прозва, како можни идни коалициски партнери јавно не се изјаснија дали се согласуваат. Само крилото на Беса што го предводи Билал Касами досега покажа интерес за министерско место.